Дома Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Видео вести  

ВИДЕО

Што да очекуваме во ноември од Европската комисија

[09.09.2010] Ова е еден од новите огласи со кои власта продолжува со вработувањето на ангажираните на определено време и покрај најавите од Брисел дека ќе се следи со внимание секое ново вработување на неопределено во јавната администрација - политички независна администрација побара Европската Комисија во претходниот извештај.
Гледај


Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам

[09.09.2010] Со утринската молитва Бајрам - намаз, во новата Кади чешма џамија во тетовска Мала Речица, муслимански верници го одбележаа крајот на светиот месец Рамазан и едномесечниот пост.
Гледај

 

Последни обиди на свештеникот Џонс против палењето на куранот

[09.09.2010] Последни обиди свештеникот Тери Џонс од американската христијанска црква на Флорида да се убеди да не го организира палењето на светата муслиманска книга куранот на 11-ти септември, годишнината од нападот на САД.
Гледај


Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро

[08.09.2010] 48-годишниот Ристо Чуркоски од Струга е првиот кајакар во светот што го освои Охридско езеро, превеслувајќи 90 километарска водна патека во Македонија и Албанија за само осум ипол часа. Овој досега единствен подвиг е подарок на Чуркоски за празникот за независноста на Македонија .
Гледај

 

Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија

[08.09.2010] Невработеноста и вода за пиење се уште се главни проблеми во единствената македонска општина во Албанија, Пустец. Од мала сиромашна општина во последниве две години започна да наликува на урбана средина.
Гледај


19 години самостојна Македонија

[08.09.2010] Во МОТ ќе се одржи свечената академија. За 19-те години независност, за 19-те години премрежја, падови успеси, ќе говори претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе говори првиот човек на институцијата каде што се донесени речиси сите историски одлуки за Р.Македонија меѓу кои и онаа на осми септември 1991-ва година да се излезе на референдум и граѓаните да го кажат својот глас за иднината на Р.Македонија.
Гледај

 

Власта не сака професионално и објективно новинарство

[08.09.2010] Партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ пишуваа невкусни пораки на платното кое новинарите го поставија на плоштадот. Овие лица стоеја отстрана и на секоја примена смс порака трчаа кон платното и пишуваа оти новинарите се платеници на Бранко Црвенковски, а за сето ова крива била А1 телевизија и Велија Рамковски.
Гледај


Надал во четвртфинале на УС Опен

[08.09.2010] И американскиот тениски грен слем е пред возбудлива завршница. Шпанскиот осминафинален дел на турнирот за меѓусебна пресметка победнички го минаа Надал кој со лесни 3:0 беше подобар од Лопез и Вердаско кој во пет сета го совлада Ферер.
Гледај

 

Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт

[08.09.2010] Македонија е во слеп колосек, доведена е во прашање иднината на земјата - Црвенковски од Пеленица над Драчево повика на промена на власта догодина. Луѓе умираат по ходници, загрозена е ЕУ и НАТО перспективата, СДСМ ја има одговорноста да помогне како по референдумот 91-та и и војната 2001-вата смета Црвенковски.
Гледај


Не можевме ниту со Ерменија

[08.09.2010] Во поразот од Словачка баравме оправдување во провокациите на противникот, во грешките на судијата, во немањето спортска среќа, но за сиромашните 2:2 и пред се за немоќта против Ерменија, нема алиби.
Гледај

 

Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“ по 18-ти пат

[08.09.2010] Со претставата „Отело“ на кралскиот театар од Цетиње, Црна Гора, вечерва во Струмица почнува 18-тото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Во петте фестивалски денови на театарската сцена во центарот за култура „Антон Панов“, своите актерски достигнувања ќе ги презентираат вкупно 50 актери, од 11 претстави на шест домашни и пет странски театри.
Гледај


 
Реклама
   Други сервиси  
» Вести и програма на и-мејл
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk