СВЕТ |
 |
|
[11.03.2010] Нова парламентарна коалиција е составена во Врховната Рада на Украина, а за мандатар е именуван Микола Азаров, близок соработник на новоизбраниот претседателот Виктор Јанукович.
|
|
[11.03.2010] Поради одлуката да забрани изградба на минариња, Швајцарија ќе одговара пред Советот за човекови права при Обединетите нации, јавуваат медиумите кои имале увид во предлог резолуцијата на ОН.
|
|
[10.03.2010] НАТО не може да донесе мир во Авганистан, изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад по пристигнувањето во Кабул.
|
|
[10.03.2010] САД и Обединетите Нации го осудија одобрението на Израел за изградба на илјада и 600 нови куќи во спорниот источен Ерусалим.
|
|
[10.03.2010] Францускиот претседателски пар повторно во центарот на вниманието, но овој пат со нивните љубовни афери. Откако веста ги преплави интернет социјалните мрежи, француската јавност не се занимава толку со состојбата на домашната економија или со судбината на еврото, колку што ја интересира дали ќе опстои бракот на Саркози и Бруни. Видео »
|
|
[10.03.2010] Собранието на Северна Ирска ја изгласа деволуцијата или пренесувањето на полициските и судските надлежности на Северна Ирска.
|
|
[09.03.2010] Еден од најмоќните луѓе на милитантната група Џама Исламија и најбаран осомничен за терористичкиот напад на Бали во 2002 година е убиен во престрелка со владините сили за борба против тероризмот.
|
|
[08.03.2010] Крвавиот биланс на погромот врз христијаните во нигерискиот град Џос најверојатно, според тврдењата на воените власти, ќе биде уште поголем од 500. Најголемиот дел од жртвите во селата Зот и Дого-Нахава се деца, старци и жени.
|
|
[08.03.2010] Грчкиот премиер Јоргос Папандреу со актовка полна поддршка од Европа, денеска пристигнува во САД.
|
|
[08.03.2010] Најмалку 14 луѓе загинаа, а над 70 се повредени во силната експлозија во зградата на пакистанската федерална разузнавачка агенција во Лахор.
|
|
[08.03.2010] Најмалку 57 луѓе загинаа, а повеќе од 70 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер, што изутрината ја потресе источна Турција.
|
|
[07.03.2010] По 38 жртви и над 70 гранати во Багдад и уште многу други во Фалуџа, Бакуба и Самара се затворија вратите на гласачките места во Ирак. Делумните резултати од гласањето се очекуваат во четврток, а конечните, според најавите на Обединетите нации на 18 март. Видео »
|
|
[07.03.2010] Британските специјалци и авганистанските сили за безбедност во заедничка акција запленија рекордно количество опиум од речиси 15 тони.
|
|
[07.03.2010] Дождови најголеми во изминатите 120 години ја зафатија Австралија и предизвикаа големи поплави во државата Квинсленд.
|
|
[07.03.2010] Граѓаните на Исланд го отфрлија владиниот план за исплата на речиси 4 милијарди евра на штедачите од Велика Британија и од Холандија како надомест за заштедата што ја изгубија поради пропаѓањето на исландската он-лајн банка Ајс-сејв.
|
|
[07.03.2010] Иран почна да произведува нови високопрецизни наведувачки ракети со голем домет кои може да ги избегнат радарите.
|
|
[06.03.2010] Напната атмосфера и насилства во ирачкото предизборие. И покрај масовно распоредените сили за безбедност на улиците, автомобил бомба уби најмалку тројца, а повреди над 50 граѓани на ирачкиот свет град Наџаф. Експлозијата се случила во близина на автобус во кој патувале аџии. Видео »
|
|
[06.03.2010] Граѓаните на Исланд денеска на референдум одлучуваат за планот на Владата да им врати 5 милијарди долари на Велика Британија и на Холандија, сума која граѓаните на овие земји ја изгубија со пропаѓањето на исландската он-лајн банка Ајс-Сејв.
|
|
[06.03.2010] НАТО е на работ на бездна и мисијата во Авганистан може да доживее неуспех, предупреди поранешниот генерален секретар на Алијансата Џорџ Робертсон.
|
|
[06.03.2010] Претседателот на Венецуела Уго Чавес кажa шеги за русокоси на сметка на американскиот државен секретар Хилари Клинтон и нејзината претходничка Кондолиза Рајс.
|
|
[05.03.2010] Службеник задолжен за државен црковен протокол во Ватикан а воедно и член на елитниот одбор во Базиликата Свети Петар е обвинет за наводна вмешаност во хомосексуална проституција.
|
|
[05.03.2010] Одлуката за воената интервенција во Ирак, во март 2003 година, беше исправно решение и беше засновано врз правилна основа, изјави британскиот премиер Гордон Браун, учествувајќи во сегашната, пет по ред истрага, што се води во Велика Британија за војната од пред седум години.
|
|
[05.03.2010] Фидел Кастро се врати на власт во Куба по опоравувањето од операциите. Аналитичари за американски „Њусвик“ оценуваат дека тој повторно го наметнал својот авторитет на посредник во сите клучни државни прашања.
|
|
[05.03.2010] Нов силен земјотрес со јачина од 6.3 степени според Рихтеровата скала изутрината е регистриран во Чиле, јавија агенциите.
|
|
[05.03.2010] 36-годишниот Џон Патрик Бедел е напаѓачот кој рани двајца полицајци пред зградата на Пентагон. Инцидентот се случил откако Бедел почнал да пука по полицајците кои се наоѓале пред контролниот пункт. Ранетите се надвор од животна опсност, a напаѓачот им подлегнал на повредите на патот кон болница. Видео »
|
|
[05.03.2010] Педесетина бродови со илјадници патници се блокирани од мраз во Балтичко море, на 90 километри од шведската престолнина Стокхолм.
|
|
[05.03.2010] Одборот за надворешни работи на американскиот Конгрес усвои резолуција со која како геноцид ги оцени масовните убиства на Ерменци во Првата светска војна во Отоманското царство. Видео »
|
|
[04.03.2010] Силен удар на бран уби двајца патници на луксузната јахта Луј Меџести. Бродот бил на пат од Барселона кон Џенова, но кај Марсеј во него удриле огромни бранови, високи 8 метри.
|
|
[04.03.2010] Силните ветрови од Карипското море фрлија бранови високи над 2 метра врз познатиот морски ѕид на Хавана и ги поплавија улиците со распенета морска вода. Видео »
|
|
[04.03.2010] Во турканица за бесплатна облека, во индиската држава Утар Прадеш, денеска загинаа најмалку 63 луѓе, а 20 се повредени.
|
|
[04.03.2010] Со засилено обезбедување почнаа парламентарните избори во Ирак. Денеска гласаат затворениците, пациентите во болниците, војниците и обезбедувањето. Општите избори ќе се одржат во недела. Видео »
|
|
[04.03.2010] Либија ќе воведе целосно економско ембарго на економската размена со Швајцарија по дипломатската криза меѓу двете земји.
|
|
[04.03.2010] Неколкумина вработени на њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“, се суспендирани откако му дозволиле на дете да си игра контролор на летање и да издава команди при полетување на три авиони.
|
|
[04.03.2010] Американскиот претседател Барак Обама го изнесе новиот, а најверојатно и последен предлог за општа здравствена заштита и го повика Конгресот да го усвои законот.
|
|
[04.03.2010] Силен земјотрес со јачина 6,4 степени според рихтер ноќеска го погоди Тајван. Нема информации за загинати, но пријавени се голем број повредени лица. Видео »
|
Архива на вести од Свет
|
|
| |
Други сервиси |
|
 |
|