|
09.03.2010
Швајцарецот Симон Аман е уште еден чекор поблиску до вкупен триумф во Светскиот куп во скијачки скокови, по денешната победа во фински Куопио.
Четирикратниот олимписки шампион му побегна на огромни 183 бода на Австриецот Грегор Шлиренцауер на врвот на генералниот пласман, на два натпревара пред крајот на сезоната.
Седмиот сезонски, а вкупно 15-ти успех во кариерата, го оствари со најдолги скокови во двете серии - 128,5 и 126 метри.
Шлиренцауер заврши дури 11-ти, останувајќи само со теоретски шанси да го достигне Аман во Лилехамер и во Осло.
Втор денеска беше Полјакот Адам Малиш, а трет Норвежанецот Андерс Јакобсен. Аман води пред Малиш и во пласманот за нордиската турнеја.
|