|
08.02.2010
Се уште сезоната не е во интензивен ритам, но сепак минавме спортски викенд доволно инспиративен за понеделнички анализи.
Македонските фудбалери добија квалификациска група со која повторно ги будиме нашите мечти за резултатски прогрес.
Атрактивна не е, силна е, ама никој и не очекува дека лесно се доаѓа до Европско првенство, посебно не во конкуренција на Русија, Словачка и на Република Ирска.
Во таа насока размилсуваа нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев.
„Мислам дека групата не е атрактивна се работи за тешка група, мислам дека Русија е фаворит но се надевам дека ние ќе одиграме добро во овие квалификации. Мислам дека веќе треба да играме на резултат да направиме поголем успех од четвртото место и мислам дека во оваа група можеме да изненадиме“ за А1 изјави Горан Пандев.
|