|
08.02.2010
Престижното спортско натпреварување на Формула 1 на вода оваа година за прв пат ќе се одржи во Сплит, Хрватска од 16 до 19 април.
Пауербоут П1 е водечки светски наутички мотоспорт во кој тимовите во класите Ф4СА, Еволушн и Супер поинт се тркаат со брзина од повеќе од 200 км на час, со двомоторни глисери долги 13 метри и тешки 7 тона.
Во осмата сезона која ќе се одржи оваа година во Сплит ќе се натпреваруваат 40 тима во сите споменати класи, преносите од трките ќе се емитуваат во преку 190 земји во светот, а преносите ќе ги вршат спортски канали како што се Еуроспорт и Скај спортс.
Пауербоут П1 натпреварувањето ќе биде гледано и во земјите од регионот: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Македонија.
|
|
| | Други сервиси | |
 |
|