07.06.2009
 |
| Горан Пандев | | | |
Сам против сите. Сигурно уште долго ќе ни остане во сеќавање ова ремек дело на можеби до сега најдобриот македонски фудбалер на сите времиња.
Уште во првата сезона во Лацио и покажа на одбраната на Јувентус дека може самиот да ја разбие. Помина одлични 5 сезони во Рим, на 135 средби постигна 53 голови.
Тренерот Делио Роси за него рече дека е лидер на тимот. Договорот со Лацио му истекува наредната година. Многу европски тимови го посакуваат во своите редови.
Но периодов за трансфер не размислува. Мислите му се насочени кон квалификациските мечеви за Светското првенство во Јужна Африка.
Како Горан Пандев се релаксира пред тренинг?
-Пред два часа стигнавме од Охрид, имавме ручек, краток одмор, сега се спремаме за тренинг. Треба да дадеме се од себе, да издвоиме победа, за нас ова е одлучувачки натпревар.
Ги почнавте подготовките во Охрид, како поминаа тие два дена?
-Мислам дека временските услови во Охрид беа добри за тренинг, бидејќи времето беше облачно, мислам дека супер третиравме, атмосферата е на највисоко ниво. Сите сме спремни да го дадеме максимумот и да освоиме 3 многу важни бода.
Го напушташ Рим или се уште остануваш во Лацио?
-Не дефинитивно не, бидејќи имам договор до 2010 година со Лацио, сега сум само сконцентриран на натпреварот за репрезентацијата и не ме интересира што пишуваат весниците. Ме пренесоа во сите клубови во Европа, но имам уште една година од договорот со Лацио.
Остатокот од интервјуто видете го на видеото
|