11.01.2009
 |
| Пандев и Зарате | | | |
Горан Пандев ја разубавува својата кариера во италијанскиот фудбал со хет трик. Со неговите голови, Лацио денеска славеше на гости кај Реџина со 3:2.
Македонскиот репрезентативец го прекинува два и пол месечниот пост во италијанската Серија А.
Три гола во мрежата на Реџина за прв триумф на Лацио во новата година, деветти лигашки. Пандев изедначи на 1:1 во 14. минута, зголеми на 2:1 седум минути подоцна, а беше стрелец на победничкиот погодок на 14 минути пред крајот, за 3:2.
Осми првенствен за Пандев оваа сезона, тој е сега најдобриот стрелец на Лацио. Мината сезона застана на 14 гола, на добар пат е да ја надмине оваа бројка.
Резултати од 18. коло во италијанската лига:
- Болоња - Киево 1:1
- Фиорентина - Лече 1:2
- Јувентус - Сиена 1:0
- Наполи - Катанија 1:0
- Палермо - Аталанта 3:2
- Реџина - Лацио 2:3
- Удинезе - Сампдорија 1:1
- Рома - Милан 20.30
Вчера:
- Џенова - Торино 3:0
- Интер - Каљари 1:1
|