Дома Фон
Дома > Вести > Македонија > 30 дена притвор за Сејдиу

30 дена притвор за Сејдиу

Миле А. Ристески

23.10.2008

Бајруш Сејдиу
 

Заврши распитот на осомничените во акцијата „Пепел“. Информацијата е дека на кумановскииот бос Бајруш Сејдиу му е одреден 30-дневен притвор.

„Има различни ситуации, некои од обвинетите се бранат со молчење, некои даваат одбрана, но колку се бранат со молчење, а колку дале своја одбрана не би можела во овој момент да ви кажам“, изјави Добрила Кацарска, претседател на Основен суд 1.

Утринава во акцијата „Пепел“ беа уапсени уште три лица, меѓу кои и една жена, сопруга на началник во кумановската полиција. По апсењето веднаш беа донесени во скопска Единица, биле членови на Управниот одбор на Тутунскиот комбинат.

Иако Кацарска не го посочи Бајруш Сејдиу директно дека му е одреден притворот, тоа го направи неговиот адвокат Саво Коцарев.

„Против 22-цата обвинети одредена е мерката притвор од 30 дена. Против пет обвинети одредена е мерка домашен притвор. Еден е пуштен“, изјави адвокатот на Сејдиу, Саво Коцарев.

Дали сте задоволни од притворот?

- Не, не сум задоволен.

Дали е определена мерка притвор за Бајруш?

- Да, за сите 22-ца е притвор, за пет е домашен притвор.

Кај Сејдиу беа откриени 15 тони најразлични цигари
 

Полицијата сеуште трага по уште еден член на Управниот одбор на Тутунскиот комбинат. Според она што успеавме да го дознаеме, станува збор за зетот на Бајруш Сејдиу, кој е во бегство.

Бајруш Сејдиу и останатите 21 осомничен кои вечерва им е одреден притвор, беа префрлени во скопскиот истражен затвор „Шутка“. Дали ќе има зголемени безбедносни мерки во однос на чувањето на кумановскиот бос, за сега не се знае.

Акцијата „Пепел“ се одвиваше пред два дена, кога беа запленети 15 тони нелегални цигари.


www.a1.com.mk/vesti/default.asp?vestID=99207