Дома Фон
Дома > Вести > Македонија > Георгиевски бара од Брисел два извештаи за изборите

Георгиевски бара од Брисел два извештаи за изборите

Маја Блажевска

17.06.2006

Љубчо Георгиевски
 

Сакаме да и упатиме понуда на меѓународната заедница - ако веќе Македонија по Охридскиот договор ја поделија на заедници, тогаш зошто за овие демократски избори не се направи двојна оценка, каков е капацитетот за демократија на македонските, а каков на албанските политички партии, порача од Тетово неформалниот лидер на ВМРО-Народна Љубчо Георгиевски.

„Ако веќе со Охридскиот договор сме земја на заедници, тогаш бараме и два извештаи, бараме Брисел да ни подготви два извештаи по овие избори и точно да се лоцира кои се тие заедници што се европската интеграција, а кои се тие заедници што го кочат процесот на интегрирање на Македонија на патот кон ЕУ“, изјави Љубчо Георгиевски, ВМРО-НП.

На митингот беше претставен и носителот на изборната листа за шестата изборна единица Ѓорѓи Трендафилов, кој порача дека со слоганот „Главата горе“ се дојдени да останат и да победат.


www.a1.com.mk/vesti/default.asp?vestID=64365