![]() |
![]() |
| Дома > Вести > Македонија > Велешанец трипати силувал малолетник |
10.03.2010
|
| Велес |
Грозоморен чин во Велес, 46-годишниот Славчо Најдов силувал 16-годишен малолетник, и му се заканувал по живот ако го пријави.
Силувањето се случило во jануари годинава, кога пријавениот сторител и малолетникот, кои претходно се познавале, започнале расправија пред трговскиот центар во Нова населба во Велес.
Сведоци на расправијата биле повеќе граѓани, по што осомничениот Славчо Најдов го присилил малолетникот да тргне со него до една стара запуштена куќа во близина на трговскиот центар каде го извршил половото дејство врз него.
За да не го пријави во полиција, Славчо Најдов му се заканил на малолетниот дека ќе му го одземе животот. Користејќи ги заканите во наредните две недели уште двапати го силувал малолетникот.
Поради страв и срам, малолетникот не зборувал со никого за случајот се додека тоа не го откриле надлежните лица во средното училиште каде тој учел.
Делото е пријавено во велешката полиција која го привела осомничениот 46-годишен велешанец, кој го негирал делото, но бил идентификуван од малолетникот.
Од СВР Велес известија дека до основното јавно обвинителство против Славчо Најдов денеска поднеле кривична пријава за силување поради основано сомневање за стореното дело.
Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
www.a1.com.mk/vesti/default.asp?vestID=120816