Дома Фон
Дома > Вести > Наука/техника > Во соѕвездието Орион има услови за живот

Во соѕвездието Орион има услови за живот

09.03.2010

 
 

Анализата на спектарот на соѕвездието Орион што се наоѓа на 1300 светлосни години од Земјата, покажуваат дека содржи хемиски соединенија неопходни за создавање на живот.

До вакво сознание дојдоа научниците од Европската вселенска агенција, по проучување на податоците добиени од телескопот “Хершел“, што бил испратен во вселената на 14 мај минатата година.

Инфрацрвениот спектрометар, со кој бил опремен телескопот, им овозможи на астрономите да добијат детален спектар на соѕвездието.

Во него се откриени органски молекули како метил алкохол, сулфур диоксид, формалдехид и други.

Ова се првите податоци за хемиски состав на соѕвездието во кое има активни процеси за создавање на ѕвезди и планети.

Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.


www.a1.com.mk/vesti/default.asp?vestID=120778