ЕКОНОМИЈА |
 |
|
[02.09.2010] Ќе поскапува месото. Според првичните пресметки, цената може да се зголеми и до 20 проценти. Во нови пресметки влегоа и производителите на масло за јадење - еден литар надмина 76 денари.
|
|
[02.09.2010] Сакал да купи хотел во беровско, но наместо поддршка бил изигнориран од државата. Приказната на овој повратник од Америка покажува со што се соочуваат потенцијалните инвеститори во земјава дури и кога доаѓаат од редовите на дијаспората.
|
|
[01.09.2010] Железницата тоне - плати за вработените нема. Железничарите во МЖ Транспорт повторно протестираа - си ја бараа јулската плата. Видео »
|
|
[01.09.2010] Контејнери со алишта, бесплатни бизнис совети, вработување за македонските иселеници во Америка. Во отсуство на конкретна финансиска поддршка и инвестиции елитните директори од проектот „Македонија 2025-та“ дојдоа во Скопје за да потсетат дека тие како иселеници ќе продолжат да лобираат за македонската економија. Видео »
|
|
[01.09.2010] На барање на В.Д претседателот на ССМ, Живко Митревски, на ден први септември 2010 ги исклучив телефонските линии и интернетот кај раководителот на сектор Драги Јовановски - ова е писмена изјава од лицето кое денеска му ги прекинало врските на Јовановски. Видео »
|
|
[01.09.2010] Работното време на угостителските објекти од денеска се скратува за еден час, согласно Законот за угостителска дејност.
|
|
[31.08.2010] 26 евра за грам злато. Цената урива рекорди на светските берзи, но и на домашниот пазар. Видео »
|
|
[31.08.2010] Работното време на угостителските објекти од утре се скратува за еден час. Како што информираат од министерството за економија, објектите за исхрана може да работат од седум наутро до 24 часот, а ноќните барови и кабареа од 20 до четири часот наредниот ден.
|
|
[30.08.2010] Малопродажната цена на бензините и на дизел горивата ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за два денари по литар. Вака реши денеска Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
|
|
[29.08.2010] Нов скандал со градежни парцели на територијата на општина Центар обелоденува СДСМ.
|
|
[27.08.2010] Раст на индустриското производство во јули, за 8,3 проценти споредено со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Ова е втор последователен раст како резултат на зголеменото производството во рударството, преработувачката индустрија, енергијата.
|
|
[27.08.2010] Во Струга градоначалниците и нивни претставници заедно со ЗЕЛС и Министерството за транспорт, дебатираат но не само за законот за домување, туку за повеќе закони. Видео »
|
|
[26.08.2010] Економијата заздравува но бавно. Гувернерот Гошев пред пратениците ги сумираше показателите за лани, ги соопшти проекциите за годинава. Ризици за домашната економија има. Видео »
|
|
[25.08.2010] Во зградата на владата на иста маса седнаа власта, синдикатот, работодавачите. Се формираше Економско - социјален совет. Видео »
|
|
[25.08.2010] Нов бран блокирани жиро сметки. Народната банка регистрираше 3.000 ново блокирани сметки на граѓани и на фирми или во јули оваа бројка надмина 78 илјади. Истиот месец лани, во најтешката кризна година - бројот на блокирани сметки беше за два пати помал. Видео »
|
|
[25.08.2010] Најголемата суша во историјата на Русија ќе го забави кревкото закрепнување на економијата и ќе ги зголеми инфлаторните притисоци, предупреди рускиот заменик министерот за економија Андреј Клепач.
|
|
[24.08.2010] Електричните апарати постојано прегоруваат, машински не можеме да ги молземе кравите и да го чуваме млекото, а светилките едвај светат.
|
|
[24.08.2010] Македонските програмери добија шанса да измислат софтверско решение за мобилни телефони. Мобилниот оператор „ОНЕ“ од денеска ќе прима апликации по што ќе се избере најдобрата понуда која ќе се користи во некои од телефоните од палетата на словенечки Телеком.
|
|
[24.08.2010] Жестоки обвинувања на релација власт-опозиција. Дали народните пари се трошеле ненаменски и нетранспарентно во најтешката, кризна година - 2009-та? Ревизорскиот извештај за буџетот пред пратениците. Видео »
|
|
[23.08.2010] Наместо економска преродба и подобар животен стандард, поскапувања, безработица, тешка живеачка.
|
|
[23.08.2010] Владата да ги врати долговите кон стопанството со 76-те милиони евра што ќе ги повлече од ММФ - побара опозицијата.
|
|
[22.08.2010] 3,5 милиони евра за наколни колиби од дрво, камен и земја е шокантен трошок во време кога процентот на сиромаштија во државава изнесува 40 проценти.
|
|
[21.08.2010] Конфедерацијата на синдикални организации бара одложување на примената на законот за домување од шест до 12 месеци.
|
|
[20.08.2010] Полска и Чешка размислуваат на подолго време да го одложат преминувањето кон еврото и покрај обврската што ја преземаа при влегувањето во Европската унија.
|
|
[18.08.2010] Бизнисмените признаа, власта доцни со враќањето на парите по основ на поврат на ДДВ. Досега никој од стопанствениците јавно не сакаше да зборува за ова прашање. Видео »
|
|
[18.08.2010] Финска е земја во која најдобро се живее, а по неа следат Швајцарија и Шведска, покажуваат резултатите од истражувањето на „Њузвик“.
|
|
[18.08.2010] Законот за домување нема да се одложи. Ваква одлука донела Владата на синоќешната седница. Според информациите на А1 постоел предлог законот да биде одложен на неколку месеци, сепак дел од министрите се спротивставиле, по што на крајот следувала и одлуката дека законот мора да стартува. Видео »
|
|
[17.08.2010] Недозволиво е податокот за долгот на државата кон компаниите, владата да го третира како своја партиска тајна, порача денеска социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
|
|
[17.08.2010] Светската банка објави дека ќе се ангажира да обезбеди 900 милиони долари за Пакистан кој е тешко погоден од поплавите во кои настрадаа повеќе од 14 милиони лица.
|
|
[16.08.2010] Серија поскапувања ја тресат Македонија. По бензините и парното се зголемија и цените на прехранбените производи. Видео »
|
|
[16.08.2010] МАТ Ервејз најавува за 15 отсто пониски цени за чартер летовите. Од септември ќе воведат редовни чартер летови од Скопје за Швајцарија, Германија и Италија.
|
|
[16.08.2010] Бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за денар по литар.
|
|
[16.08.2010] Кина ја претекна Јапонија како втора најголема економија во светот, покажуваат податоците од вториот квартал. Сепак, Јапонија со минимално водство се уште го држи второто место ако се сметаат двата квартали од годинава. За првите шест месеци јапонското БДП изнесува 2.578 трилиони долари, а кинеското 2.532 трилиони. Видео »
|
|
[15.08.2010] Огромен број декларации за значењето на коридорот 8 стојат потпишани во функционерските фиоки. Но, на терен само проекти на хартија за железничка траса кон Албанија, кон Бугарија пак недовршени остануваат мостовите и тунелите. Видео »
|
|
[15.08.2010] Во северниот дел на Авганистан е откриено големо нафтено наоѓалиште, чии залихи се проценуваат на 1,8 милијарди барели нафта, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за руди Џавад Омар.
|
Архива на вести од Економија
|
|
| |
Други сервиси |
|
 |
|