Дома Како ќе каже Џим
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > А1 на денешен ден

 

А1 на денешен ден - 28 Август

2001: Приведени нови 35 терористи

НАТО приведе нови 35 Албанци, под сомневање дека учествувале во судирите, во обид од Македонија да се префрлат на Косово.

2001: Ахмети: „Вооружената борба во Македонија е завршена“

„Вооружената борба во Македонија е завршена“, изјави денеска во Шипковица лидерот на таканаречената ОНА Али Ахмети, нагласувајќи дека негова нова задача ќе биде да се одржи мировниот процес во земјата.

2002: Осветен Милениумскиот крст на Водно

Вечерва на врвот од Водно во месноста Крстовар поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, во сослужение со членовите на Светиот архиерејски синод, го освети „Милениумскиот крст“. Овој импозантен крст е изграден како симбол на 2000 годишнината од христијанството.

2001: ВМРО-ДПМНЕ затаила 200.000 германски марки данок

ВМРО-ДПМНЕ подарувајќи им ја партиската фирма „Глас“ на Ламбе Арнаудов и Војо Михајловски, преку пониска проценка на вредноста на подарокот, направила даночно затајување од над 200.000 марки.

2002: Странските набљудувачи импресионирани од ДИК

Импресионирани сме од ефикасноста и професионализмот на Државната изборна комисија и го поздравуваме нејзиниот добро урамнотежен состав, смета заедничката предизборна мисија на Советот на Европа и на ОБСЕ во Македонија.

 

Други настани на денешен ден

1749 - Во Франкфурт на Мајна е роден Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу книжевни струења и правци, но никогаш не се придружи на ниту еден од нив. Светско признание стекна со драмскиот еп „Фауст“. Историско-критичкото издание на неговите целокупни дела опфаќа 143 тетратки. Познати негови дела се романот „Страданијата на младиот Вертер“, драмите „Егмонт“, „Ифигенија на Таврида“ и „Торквато Тасо“ и епот „Херман и Доротеја“. Умре во Вајмар, на 22.03.1832 година.

1851 - Во Поњане, кај Шкофја Лока, е роден Иван Тавчар, словенечки писател и политичар. Се смета за еден од најпознатите раскажувачи на романтичарскиот правец. Во некои дела се приближува и кон реализмот. Познати негови дела се: „Мртви срца“, „Меѓу горите“, „Бисошка хроника“ и „Цвеќе на есен“. Умре во Љубљана на 19.02.1923 година.

1929 - Рударите од рудникот Лојане, кумановско, стапија во штрајк. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија.

1991 - Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на неделниот спортски магазин „Скок“.

1996 - Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица проработи првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија.

1996 - На православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во црквата „Света Богородица“, кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-мина беа повредени.


< Претходен Следен >
 

 A1 mail листа

 A1 на SMS

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 A1 RSS канали

 A1 на сателит

Време online

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk