Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Уште 10 нови скулптури во центарот на Скопје

Коментари (65)   
12.04.2009 14:18
Бикот е изработен од бронза, и тежи околу 1,5 тон
 

Улица „Македонија“ стана Арена за бикови, а чистачите за чевли што работат на неа добија конкуренција.

Центарот на Скопје од денеска го красат нови 10 скулптури. По шмизлата, Скопје доби и фраер, но и питач повеќе.

Бикот, кој поради својата големина е најимпозантен, е изработен од бронза и тежи околу 1,5 тон.

„Импресиониран од силата и моќта што ова суштество ја содржи во себе, сакав да ја споделам со народот“, изјави Дарко Дуковски, автор на скулптурата Бик.

„Оваа скулптура треба да раскажува за блиското минато и сегашното време што го живееме, за навиките на граѓаните на Скопје“, рече Елена Дуковска, автор на Чистач на чевли.

Чистачите за чевли добија конкуренција
 

„Не е лоша, добра е конкуренцијата, супер е, само уште да работи ќе биде добро“, вели чистач на чевли.

Јавниот простор наместо да зјае празен, сега ќе промовира уметност. Архитектите едногласни - добро е што и Скопје по примерот на светските метрополи конечно доби скулптури.

„Ние цело време сакаме да ги прашуваме граѓаните, ама како да ги прашате граѓаните дали им се допаѓа нешто што воопшто не знаат што е“, изјави Кокан Грчев, претседател на Здружение на архитекти.

„Поминаа децении во кои никој ништо не постави никаде, во ниеден простор и ние се научивме повторно и припаѓаат на идеологијата, на историјата, на традицијата, на политичка платформа, а заборавивме дека може да му служи и на јавниот простор, да го оплемени и да го естетизира“, вели Грчев.

Граѓаните во најголем дел со симпатии гледаа на новите објекти, иако имаше и такви на кои не им се допаѓаа.

„Во глобала се е добро, го разубавуваат градот. Таков фраер нема во Виена, само во Скопје, многу ми се допаѓа, шик е“, рекоа граѓаните.

„Најсериозно не ми се допаѓа. Никакви се“, велат други граѓани.

Скопје веќе доби 17 од предвидени 36 скулптури
 

Со денешните 10, Скопје веќе доби 17 од предвидени 36 скулптури кои треба да го разубават центарот.

Преостанатите ќе бидат поставени за три месеци. Сите скулптури заедно чинат нешто над 1 милион евра.

„Ние и во самиот конкурс кажавме дека ќе го наплатиме само материјалот. Авторскиот труд тие самите го вложија во однос на разубавувањето на градот Скопје“, изјави Елизабета Канчевска Милеска, министер за култура.

Владата освен скулптури, наскоро планира да постави и 17 споменици - проект вреден 8 милиони евра.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Нова зграда во антички стил покрај Вардар [23.03.2009]
• „Идејата на спомениците е обединувачка“ [01.03.2009]
• Гигантски знамиња за подигање на националната свест [23.02.2009]
• Спротивни ставови на архитектите Грчев и Божиновски за спомениците [20.02.2009]
• Спомениците на Делчев и Груев пред финиш [20.02.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk