Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Охридското Езеро и пештерите кај Матка во втор круг за светски чуда

Ирина Гелевска Коментари (7)   
07.01.2009 14:07
Охрид
 

Два од три македонски предлози за ново светско чудо на природата се пласираа во вториот круг на изборот.

Меѓу 261 предлог од целиот свет, во потесниот избор за ново светско чудо се избрани Охридското Езеро и пештерите Врело кај Матка.

„Мислам дека е многу возбудливо за Македонските граѓани што имаат два предлози за ново светско чудо на природата, Охридското Езеро и пештерите Врело, кои се пласираа во втората фаза од изборот. Ги охрабрувам сите во Македонија да гласаат бидејќи ова е клучна фаза од изборот. Првите 77 предлози ќе се најдат во финалето на изборот меѓу 21 финалист. Сега е важно македонските предлози да се пласираат меѓу првите 77 кандидати и ова е шанса очите на светото да се свртат кон Македонија“, изјави Тиа Виеринг, претставник на организаторот.

Организатор на изборот на нови светски чуда на природата е невладината организација „Нови светски чуда на светот’’ од Швајцарија.

Изборот започна во 2007. година, при што беа кандидирани 441 природна убавина од целиот свет. Македонија се вклучи дури минатата година и успеа да влезе во четвртфиналето со дури два предлози.

За македонските кандидати ќе можете да гласате на интернет страницата на организаторот www.new7wonders.com/hp до 7-ми јули оваа година, кога жири предводено од Федерико Мајор поранешен претседател на УНЕСКО, ќе избере 21 финалист од првопласираните 77 кандидати.

7-те Победници ќе бидат избрани во 2011. година и тие ќе ја поделат славата со современите седум чуда направени од човекот: Кинескиот ѕид, Колосеумот, Таџ Махал, статуата Исус Христос, градот Петра, пирамидата Чичен Ица и загубениот град на Инките Мачу Пикчу.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Охридско две места погоре [22.09.2008]
• Охридското езеро напредува на ранг листата за светските чуда [14.09.2008]
• Репортажа од „Пелистерски очи“ [09.09.2008]
• Охридското езеро со најмногу гласови за седмо светско чудо [08.09.2008]
• Гласањето за светското чудо завршува во недела [05.09.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk