Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Бучковски осуден на 3,5 години затвор

Миле А. Ристески Коментари (58)   
09.12.2008 17:58
Бучковски пресудата ја оцени како скандалозна
 

Поранешниот премиер и екс министер за одбрана Владо Бучковски осуден е на три и пол години казна затвор за набавката на прекумерна количина резервни тенковски делови. На истата затворска казна е осуден и поранешниот началник на Генерал штабот на АРМ Методиј Стамболиски.

„Се докажа дека обвинетите го сториле кривичното дело за кое се теретат“, рече судијката.

Ова е доказ колку судството е независно, коментираа двајцата, сметајќи ја пресудата за политичка без да бидат согледани доказите во постапката.

„Евидентно е дека од завршувањето на завршните зборови, а тоа е четвртокот попладне до денес, се случува нешто вон оваа судска зграда. Диктатот кој го нарачал некој, политичкиот притисок е евидентен и евидентно е дека овде станува збор за политички монтиран процес, кој остава горчина и кај мене и кај сите оние кои го следеа овој процес“, изјави за А1 Владо Бучковски, поранешен министер за одбрана.

„Станува евидентно дека зад плаштот на борба против организираниот криминал, всушност имаме борба со политичките истомисленици до истребување“, додаде Бучковски.

„Ова е само уште еден доказ колку судот е независен и колку политиката влијае на него. Однапред се знаеше дека ќе биде таква осуда или слична, меѓутоа се надевам дека постојат и други инстанци на кои ќе го докажеме кој е во право, а кој не е во право“, рече Методија Стамболиски, поранешен началник на ГШ на АРМ.

Двајцата логистичари во одбраната Ацо Ѓурчевски и Нелко Менкиновски, но и директорот на МЗТ ФОП Митре Петковски, се осудени на тригодишни казни затвор.

„Сите докази укажуваа дека во конкретниов случај немаше никакви докази за било каква кривична одговорност“, вели Јован Трпеновски, адвокат на Н. Менкиновски.

„Многу сум заинтересиран како ќе биде образложена таа пресуда, затоа што од сите материјални докази не произлезе она што го утврди првостепениот суд“, рече Драган Георгиев, адвокат на А. Ѓурчевски.

„Не може на Митре Петковски да му се суди затоа што успеал да продаде резервни делови на Министерство за одбрана. Оваа одлука е анахрона, не може да успее никако“, изјави Стеван Павлески, адвокат на Митре Петковски.

Бучковски, Стамболиски и останатите тројца се товарат за злоупотреба на службената положба бидејќи во 2001-та одбраната порачала повеќе резервни тенковски делови од реалните потреби, со што направиле штета на буџетот.

Поради блокираната сметка на МЗТ ФОП парите од одбраната биле префрлени на друга фирма, МЗТ Преносници.

Бучковски во своите завршни зборови побара ослободителна пресуда за сите, сметајќи дека процесот е монтиран и директно насочен против него.

„Јас и понатаму мирно ќе спијам, но од вечерва очигледно судијката и сите оние кои се инволвирани во овој голем скандал, нема да имаат мирен сон“, рече Бучковски.

Со пресуда осудените се задолжени солидарно во буџетот да вратат 2,4 милиони евра. Предметот останува во судските лавиринти, пресудата ќе биде обжалена пред Апелациониот суд.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Бучковски: На политички монтирани процеси правото е во втор план [09.12.2008]
• Завршни зборови на одбраната по случајот Бучковски [04.12.2008]
• Судскиот процес против Бучковски пред разрешница [02.12.2008]
• Продолжи процесот против Бучковски [09.09.2008]
• Камионите од аферата со оружјето на АРМ вратени во Бугарија [27.11.2007]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk