Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Балкан  

Папандреу отпушти советник поради промакедонски став

Гоце Михајлоски Коментари (28)   
08.11.2008 20:40
Јоргос Папандреу
 

Лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу, го отпуштил својот советник за медиуми, поради неговите промакедонски ставови. Глигорис Валианатос, кој е познат во грчката јавност и како борец за човекови права, на гостување во приватната „Екстра 3“ Телевизија изјавил дека тој е за идејата да се нарекуваме само Македонија. Освен тоа, признал и дека има македонско малцинство во Грција.

Ваквите ставови, Папандреу оценил дека се во целосна спротивност на официјалната политика на Атина, поддржана и од неговиот опозициски ПАСОК, која негира постоење на македонско малцинство и бара промена на уставното име за земјава.

Инаку, додека грчкиот преговарач Василакис се подготвува да патува за Њујорк на средбата со Нимиц, закажана за почетокот на идната недела, во Македонија продолжува преписката по разрешување на Димитров.

Денеска повторно пишуваше шефот на Кабинетот на Груевски, Протоѓер. Овој пат, како одговор на вчерашните прозивки од Црвенковски. Го прашува за кого работи, ако постојано убедува дека некој ќе ги прекинел преговорите, а тоа никој не го прави.

Оценува дека со отповикувањето на Димитров, на Грција и се остава маневарски простор пред да постапува како што ќе посака.

„Катастрофално е што со Вашето политичко тонење со себе се обидувате да ја повлечете и Македонија. Но на Вас историјата ќе ви суди“, вели Протоѓер во писмото и бара од Црвенковски да си замине од политиката.

Според дипломатски извори, Василакис ќе го информира Нимиц дека за Грција неговиот последен пакет идеи е „незадоволувачки“ и „проблематичен“.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Црвенковски нема потреба да му одговори на Протоѓер [07.11.2008]
• Атина следната недела со одговорот на предлогот на Нимиц [07.11.2008]
• Протоѓер: Црвенковски не креваше слушалка [06.11.2008]
• Црвенковски: Уште има надеж за решение [05.11.2008]
• Дукас: Грција со „поддршка“ за Македонија ако го смени името [04.11.2008]

  Најнови вести од Балкан 
• „Дан“: Ѓукановиќ заминува од премиерската функција во октомври [02.09.2010]
• На Закинтос беснеат пожари [02.09.2010]
• Србија подготвена за компромис за резолуција на Косово [31.08.2010]
• Грција воведува целосна забрана за пушење на јавни места [30.08.2010]
• Хаг: Хрватска вршела етничко чистење на Срби [30.08.2010]
• Хрватска го сфаќа туризмот како сериозна инвестиција [30.08.2010]
• Самарас тврди дека има план за излез на Грција од кризата [30.08.2010]
• РЕКОМ во потрага по исчезнатите од војните во Југославија [29.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk