Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

10 восочни фигури на познати дејци во Музејот на ВМРО

Александра Бубевска Коментари (7)   
03.11.2008 17:56
Восочни фигури ќе бидат изложени во Музејот на ВМРО
 

Десет восочни фигури на значајни личности од македонската историја се веќе изработени од Музејот во Киев, Украина. Меѓу нив се фигурите на Крсте Мисирков, Гоце Делчев, Методија Андонов Ченто, Јане Сандански, Павел Шатев, Христо Татарчев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Методија Шаторов Шарло.

Тие и уште 30 фигури од восок и од глина ќе бидат изложени во Музејот на ВМРО и на жртвите од комунизмот. Министерката Канчева Милевска денеска најави дека главнината на зградата на музејот ќе биде готова во јуни 2009 година.

Министерството контактирало и со Друштвото на ликовни уметници за изработка на портрети на значајни личности од историјата на Македонија. Покрај македонските, најверојатно ќе бидат ангажирани и странски уметници.

Канчева Милевска: Голем процент од државниот буџет е посветен на културата
 

Инаку, денеска министерката Канчева Милевска, сумирајќи ги резултатите од сработеното, рече дека приоритетите се подобрување на сите сегменти на културната атмосфера во државата и афирмирање на македонската култура во странство.

„Како никогаш досега, голем процент од државниот буџет е посветен на културата. 799 милиони и 189 илјади денари за сите дејности од областа на културата и средства кои беа издвоени за реализација на капиталните проекти, една милијарда 359 милиони и 599 илјади денари денари“, изјави Елизабета Канчева Милевска, министер за култура.

„Во изминатиот период решени се многу горливи прашања и проблеми во македонската култура“, додаде Канчева Милевска.

Освен веќе познатите капитални, нов проект на Министерството ќе биде реновирање на сите центри за култура во државата.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Во Радовиш се одржаа 35-те Караманови поетски средби [01.11.2008]
• Необјавени дела на Мазев изложени во Струмица [31.10.2008]
• Отворено е археолошкото село „Тумба Маџари“ [30.10.2008]
• Три награди за прилепскиот театар на МЕСС [29.10.2008]
• Награда за хуманизам постхумно кај Солженицин [27.10.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk