Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Балкан  

„Македонија е грчка“ - скандирања на Грчката армија

Гоце Михајлоски Коментари (91)   
29.10.2008 12:50
Скандирањата беа на празникот 28. Октомври во Солун
 

„Грчките синови чекаат наредба“. „Македонија е грчка земја“. Со вакви освојувачки повици, грчката армија го поздрави својот државен и воен врв, на чело со претседателот Папуљас, на воената парадата што се одржа вчера во Солун, по повод Националниот празник Охи.

Атина засега не ги коментира повиците на грчките командоси. Грчките медиуми информираат дека скандирањата предизвикале непријатна ситуација во ложата на официјалните гости, меѓу кои биле и министрите за одбрана или други високи функционери од одбраната на осум балкански земји.

Македонскиот министер за одбрана Коњановски, не бил меѓу гостите.

Според „Катимерини“, неговиот грчки колега Меимаракис испратил покана и до Македонија, но таа била одбиена.

Од македонското Министерство за одбрана не сакаа ниту да ги потврдат, ниту да ги демантираат ваквите информации.

Македонија засега нема официјално да реагира на националистичките скандирања. Од МНР велат дека прво ќе почекаат да добијат снимки од релевантен извор, па затоа ќе одлучат дали ќе превземат нешто.

Доколку скандирањата бидат потврдени, тогаш најверојатно ќе биде повикана грчката претставничка во земјава, Пападопулу, на која ќе и биде врачена или вербална или писмена протесна нота. Минатата година, по сличен инцидент, Грција ја одби вербалната нота, со образложение дека повиците не биле директно упатени кон Македонија.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Прекршочни пријави за седум жители на Забрдени [28.10.2008]
• Виножито со резолуција против грчките дискриминирачки закони [20.10.2008]
• Протерувањето на новинарите - автогол за Грција [17.10.2008]
• Обвинителството во Лерин сеуште без одлука [15.10.2008]
• Дипломатите без коментар за настаните во Леринско [15.10.2008]

  Најнови вести од Балкан 
• „Дан“: Ѓукановиќ заминува од премиерската функција во октомври [02.09.2010]
• На Закинтос беснеат пожари [02.09.2010]
• Србија подготвена за компромис за резолуција на Косово [31.08.2010]
• Грција воведува целосна забрана за пушење на јавни места [30.08.2010]
• Хаг: Хрватска вршела етничко чистење на Срби [30.08.2010]
• Хрватска го сфаќа туризмот како сериозна инвестиција [30.08.2010]
• Самарас тврди дека има план за излез на Грција од кризата [30.08.2010]
• РЕКОМ во потрага по исчезнатите од војните во Југославија [29.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk