Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Рикер: САД нема да ја смени политиката кон Македонија

Ирина Гелевска Коментари (9)   
26.10.2008 16:41
Рикер: Сигурни сме дека блиските односи со Македонија се добри и за нас
 

Кој и да победи на претстојните претседателски избори, односите меѓу САД и Македонија ќе останат многу добри, истакна новиот американски амбасадор Филип Рикер во ексклузивна изјава за А1.

„Двајцата претседателски кандидати, сенаторот МекКејн и сенаторот Обама се проамериканци и знаат што е најдобро за американските интереси во светот. Сигурни сме дека блиските односи со Македонија се добри и за нас“, рече Филип Рикер, амбасадор на САД.

Само еден месец од неговото доаѓање, Рикер попладнево ги покани на скара сите македонски војници кои учествувале во мировната операција во Ирак, нешто што тој им го ветил на македонските мировници во мај годинава, при посетата во базата Таџи, за време на неговата претходна служба во Ирак.

Мирослав Стојановски
 

Последните македонски војници ќе се повлечат од Ирак во декември. Началникот Стојановски вели дека има притисоци од сите страни за зголемување на македонските војници во Авганистан, но апелира сите да имаат трпение.

„Секако дека ќе има зголемување на бројната состојба, меѓутоа, мислам дека сеуште е рано да се излегува со било каква конкретна информација за тоа со кои сили и со која бројна состојба ќе продолжиме со мисиите надвор од Република Македонија“, изјави генерал Мирослав Стојановски, началник на ГШ на АРМ.

САД сакаат да ја видат Македонија во НАТО, вели американскиот амбасадор.

„Ние сме силни поддржувачи на Македонија за влез во НАТО и го охрабруваме решението за единствениот проблем што останува за да членството на Македонија стане реалност“, вели Рикер.

Рикер најавува дека кој и да победи во ноември и стане нов американски претседател во јануари, американската амбасада во Македонија ќе продолжи да работи за заемните интереси на двете држави.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Во Калифорнија ќе гласаат од своите автомобили [22.10.2008]
• Обама го поддржуваат 52 проценти од Американците [22.10.2008]
• МекКејн по грешка барал пари од Русија [21.10.2008]
• Обама: Пауел еден од моите советници [20.10.2008]
• Републиканецот Пауел го поддржа Демократот Обама [20.10.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk