Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Остри реакции за наградата „23. октомври“

Александра Бубевска Коментари (4)   
22.10.2008 19:56
Зоран Тодоровски е годинешниот добитник на наградата
 

Не стивнуваат реакциите што ги предизвика одлуката на одборот за доделување на државната награда „23. октомври“, добитник за наука да биде историчарот Зоран Тодоровски, познат по своите ставови блиски на бугарската политика и историографија.

„Околу личноста на добитникот, јас сметам дека уште поголема скандалозност е, затоа што сметам дека ВМРО практично овие награди ги доделува на личности коишто работат можеби за нивни цели, а не за интересите на Република Македонија“, изјави Цветанка Иванова, СДСМ.

„И ова е уште еден доказ дека нема никаква разлика во идеологијата на Љубчо Георгиевски и Никола Груевски“, вели Роза Топузовска Каровска, ЛДП.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што го постави Тодоровски на местото директор на државниот архив, е дека партиите не треба да се мешаат во одлуките на одборот за доделување на наградите составен од видни академици и професори за кој гласало Собранието и дека политичките партии не треба да се мешаат во прашања од сферата на уметноста, културата и науката.

Единствениот потомок на Мисирков, кој живее во Македонија, писателката Ката Руменова Мисиркова, вчера за А1 изјави дека е скандализирана од одлуката на државната комисија, наградата на ВМРО да му се додели токму на Тодоровски.

„Јас се срамам како Македонка, не за друго. Не се срамам затоа што му ја дадоа нему, може човекот и заслужува, може човекот работел пред тоа нешто многу и сега уште и ќе работи, но кој му ја даде треба да се срами“, изјави Ката Руменова Мисиркова.

Денеска, видни академици и инстутуции што го носат името на Мисирков останаа неми за овој случај. Дванаесетте члена на комисија за доделување на наградата „23. октомври“ за добитниците гласале тајно. Претседателот на одборот, академик Томе Бошевски, не сакаше да коментира како се случило наградата да отиде во рацете на Тодоровски.

Наградите ќе бидат доделени утре во Собранието, а опозицијата ќе го бојкотира овој празник.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Мисиркова: Тодоровски е срам за Македонија [21.10.2008]
• Одбележана 82-годишнината од смртта на Мисирков [26.07.2008]
• Дневникот на Мисирков претставен во Софија [25.01.2007]
• Експерти: Нема дилеми за идентитет на Мисирков [24.01.2007]
• Познавач тврди дека ракописот во мемоарите не е на Мисирков [23.01.2007]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk