Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Македонија мора да размисли за иднината

Биљана Секуловска Коментари (6)   
05.10.2008 21:11
Рикер: На Македонија и е потребен единствен став за името
 

Потребен е политички дијалог меѓу лидерите не само по прашањето за името, туку и за сите прашања со кои Македонија се соочува, порача американскиот амбасадор, Филип Рикер, во интервју за А1.

На Македонија и е потребен единствен став со кој ќе пристапи на преговорите во Њујорк.

Добредојовте амбасадоре повторно дома. Сепак имаше некои проблеми околу вашето именување. Некои сенатори не се согласуваа со вашата политика. Велеа дека имате промакедонски ставови. Што всушност се случуваше?

- Важен дел од нашата демократија е концептот на проверки и балансирање и кога претседателот на САД ќе назначи амбасадор за да биде негов личен претставник во некоја суверена земја, тоа лице пред Сенатот на САД јавно сведочи и одговара на прашања на сенаторите, што беше случај и со мене, со група колеги.

Тогаш ме проценуваше комисијата за надворешни односи на Сенатот, и во тој процес некои сенатори го искористија своето право да постават дополнителни прашања и напишаа писма на Државниот секретар, Рајс, барајќи повеќе информации за политиката на САД.

Ова е многу типичен процес, Стејт Департментот одговори на прашањата, и за некое време, моето номинирање беше потврдено со препорака и согласност на Сенатот на САД. Многу сум среќен што сум овде, проамерикански сум настроен и секогаш ќе бидам, но, како и да е, многу сум среќен што сум повторно во Македонија. Горд сум што сум петтиот амбасадор на САД во вашата земја.

Како ќе се реши името имате ли некаков совет? Вашата последна изјава беше дека лидерите од двете страни треба да бидат флексибилни и одговорни. Што значи всушност тоа? Каков тип на флексибилност очекувате?

- Дозволете најпрвин да кажам дека е многу позитивен знак што премиерот и лидерите на 4-те најголеми политички партии кои се на власт и во опозиција овде, во Р.М., се договорија да седнат заедно со претседателот на земјата и со преговарачот, г.Димитров за да дискутираат и да водат дијалог во понеделник. Мислам дека ова е многу позитивен знак, зашто на Македонија и е потребен единствен став со кој ќе им пристапи на разговорите во Њујорк следната недела.

Важно е лидерите да договорат единствен став и да бидат посветени на еден одржлив процес, во серијата преговори за изнаоѓање решение за ова прашање.

Дали сугерирате дека сепак треба да се направи промена?

- Мислам дека треба да размислите за иднината на земјата. Сите вие работевте напорно за да дојдете дотука. На работ сте да бидете на место каде што Македонија никогаш порано не била, со ниво на прифатеност и безбедност во 21-от век кои никогаш порано не сте ги имале.

Мислам дека за ова е потребно лидерство, кое со себе носи и одговорност за донесување тешки одлуки, но на крајот на краиштата, ќе има и утре. Интегирањето во евроатлантските институции е нешто на што можат да бидат горди сите граѓани на Република Македонија.

Како ја објаснувате грчката политика? Во моментов во Македонија се смета дека таа е националистичка.

- Грција има позиција која е објаснета од нивните лидери, нивните медиуми, и ова е тешка положба за обете земји. Важно е лидерите на обете земји да покажат одговорност и да учествуваат во процесот со амбасадорот Нимиц, со ниво на флексибилност и заложба и да имаат вистински преговори за изнаоѓање решение.

Верувам дека тоа го сакаат граѓаните на Македонија, да бидат дел од нешто поголемо, да бидат на местото каде што припаѓаат. Нивните лидери да бидат на маса, едни наспроти други, заедно со лидерите на САД и другите земји од трансалтанската алијанса.

Една од главните критики беше токму кохабитацијата и потребата од политичка култура во Македонија.

- Мислам дека видот дијалог кој лидерите се договорија да го водат во понеделник е многу важен не само по прашањето на името, и за процесот на преговарање, туку и за сите прашања со кои Македонија се соочува. Така и ние се соочуваме со овие прашања во мојата земја. Сите што гледаат вести од странство ги следат тешките дебати што се водат,во рамките на владата на САД и меѓу народот на САД.

Нивните различни гледишта, очекувања, но на крајот на краиштата, овој своевиден дијалог и користењето на институциите на нашата демократија, како вашите демократски институции и парламентот, способноста да имаме дијалог секогаш е многу важна.

Но од ДПА бојкотираат и вие ги повикавте да престанат со бојкотот.

- Сметам дека користењето на институциите е вистинскиот пат во една демократија. И моите претходници и политиката на САД на генерален план не е да се бојкотираат демократските институции, туку да се користат.

Постои одговорност која доаѓа со избирањето официјални лица, да се претставува интересот на луѓето и за да се исполни таа одговорност, важно е да се учествува, да се слушне и вашиот глас, како и гласот на вашите избирачи.

Да зборуваме, повторно ДПА, околу Косово. Нивниот одговор кон вас е: да ќе влеземе во парламентот, ние го бојкотираме парламентот заради тоа што сметаме дека треба да се признае независноста. И вие повикавте дека е многу мудро македонските лидери да го сторат тоа. Но не ли е подобро прво демаркација на границата?

Ние го признавме Косово и сметаме дека во интерес на сите во регионов е да го сторат истото. Тоа јасно го кажавме.

Во врска со НАТО и иднината околу НАТО. Шефер и претседателот Црвенковски, изјавија во Брисел стравување дека и покрај решавањето на името, изборите, насилството за време на изборите може да има импакт после, за време на ратификацијата.

Мислам дека сите ние бевме по малку разочарани од изборите коишто се одржаа во јуни. ОБСЕ издаде извештај и верувам дека македонските лидери ќе го погледнат, ќе препорачаат реформи како што е наведено во тој извештај, и ќе работат тоа да се подобри.

Секако ќе го видиме тоа следната година на локалните избори и тоа ќе биде можност да се покаже дека Македонија има демократски институции коишто можат да се справат предизвиците со коишто сите се соочуваме во современиот свет.

Околу економијата. Америка и генерално меѓународната заедница е прилично загрижена заради тоа што економијата е многу слаба, има огромна невработеност?

- Владата на Р.М јасно стави на знаење дека ова е приоритет и во рамките на нашата заедничка декларација за стратешка соработка се заложивме дека ќе продолжиме да помагаме на ова поле.

Инвестициите ќе бидат важни за постојан економски раст. Исто така е важно да се креира клима за домашни инвестиции, Македонците да чувствуваат поволна клима за инвестирање во својата земја.

Ако странска компанија види дека тоа се случува, и тие ќе бидат понаклонети да ја земат во предвид Македонија, зашто таа има многу да понуди.

Кога зборував со претставници на големи американски компании, јасно рекоа дека се заинтересирани да видат што би можеле да работат во Македонија, но исто така сакаа да знаат дали е подготвен теренот, и многу беа заинтересирани дали има безбедна политичка иднина и дека интеграцијата во НАТО и ЕУ е во тек. Затоа толку многу се фокусираме на тоа и работиме за да обезбедиме Македонија да влезе во овие структури на што сите се надеваме на подолг временски период.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Грција ги најави критериумите за Македонија [05.10.2008]
• Нова лидерска - секој на своја страна [05.10.2008]
• Милошоски: Двојната формула единствен компромис [04.10.2008]
• Средба со Нимиц на 7. октомври во Њујорк [03.10.2008]
• Грчкото лоби во САД притиска за името [03.10.2008]

  Дополнителни информации 
• Како се појавија „разликите околу името“ [21.01.2008]
• „Вашингтон Тајмс“: Македонија инспирира конфликти со години [26.10.2005]
• Дел од фактите за македонско-грчките односи [04.11.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Виничанец под дејство на алкохол си ја убил сопругата [09.02.2010]
• Хамарберг: Македонците во Бугарија загрозени [09.02.2010]
• Кучан: Недемократски молк на ЕУ кон Македонија [09.02.2010]
• Нимиц во Скопје на 23 февруари [09.02.2010]
• Фуере: Преговори со ЕУ оти се можни тензии [09.02.2010]
• Трајановски и Тодоровиќ ќе го бранат „Скопје 2014“ [09.02.2010]
• Иванов на брифинг во Генералштаб [09.02.2010]
• СДСМ: Хотелската афера е владин криминал [08.02.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Фуере: Преговори со ЕУ оти се можни тензии
  2. Во Амазон откриена древна цивилизација
  3. Пронајдената облека е идентична на онаа од Ангела
  4. Бурж затворен на неопределено време
  5. Трајановски и Тодоровиќ ќе го бранат „Скопје 2014“
  6. Христо-Спанаќ притворен во душевна болница
  7. СДСМ: Хотелската афера е владин криминал
  8. Франција ќе и продаде воен брод на Русија
  9. Нимиц во Скопје на 23 февруари
  10. Кучан: Недемократски молк на ЕУ кон Македонија
  1. Христо-Спанаќ притворен во душевна болница
  2. Пронајдената облека е идентична на онаа од Ангела
  3. Распеан сумо-борач ја потресе Јапонија
  4. НСДП: Да се потрошат 200 милиони евра за „Скопје 2014“ е лудост
  5. СДСМ: Хотелската афера е владин криминал
  6. На дел од старите скопјани им се допаѓа „Скопје 2014“
  7. Јавниот превоз и улиците во мизерна состојба
  8. Јанкуловска не коментира дали Вранишковски е срски шпион
  9. Муча: Зад нас не стои ниедна политичка партија
  10. Автомобилска револуција во Израел
   Други сервиси  
» Вести и програма на и-мејл
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk