Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Џорџе Арсов: Се е лага

Предраг Петровиќ Коментари (7)   
18.09.2008 16:29
Џорџе Арсов
 

Со двајца адвокати, Џорџе Арсов против Мирјана Димовска од Антикорупција. Ќе ја тужи, зашто или не знаела или не можела да се носи со функцијата, штом видела криминал во работење на градоначалникот на Кисела Вода.

„Јас не знам од каде нејзиниот мозок произнел и пронашол? Можеби во нејзината стручност... Јас пак ќе кажам, мозокот можеби... јас ја почитувам“, изјави Џорџе Арсов, градоначалник на Кисела Вода.

Арсов тврди дека нема криминал. Има грешки од незнаење на службите. Морал да набавува сол двапати, зашто зимата била сурова и ги изненадила.

Без постапка за јавна набавка биле потрошени 356.000 денари, поради староста на општинските возила кои се расипувале на сред пат, морале да се поправаат во најблискиот сервис.

За 19 случаи вредни три милиони денари понудите биле доставени пред да биде донесена одлуката за јавна набавка, поради неукост на вработените.

„Тие не знаеле, на пример, таа набавка колку пари чини и тие за да донесат решение прибрале понуди и велат „ова чини 100 евра“ и го направиле решението за 100 евра, а тука е грешката нивна. Требало ова да го вратат назад, па после решението да побараат нови понуди“, вели Џорџе Арсов.

Но, на Арсов ова не му е првпат. Антикорупција се сомневаше и за изградбата на патот до Китка. Со Студеничани Зелениково и градот Скопје, Арсов здружи 39 милиони денари за нов пат до Китка и имаше обврска за сите измени да ги извести сите страни и да распише тендери.

Без такво нешто, сумата ја зголеми на 53 милиони денари. Од потребните 19, асфалтира само три километри за кои пак потроши две третини од сумата или 29 милиони денари.

Антикорупција од обвинителот сега повторно бара да каже до каде е иницијативата која е пратена кај него уште пред една година?

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Антикорупциска: Џорџе Арсов проневерил 11 милиони денари [17.09.2008]
• Кривична пријава за судија од Штип [11.09.2008]
• „Транспарентност-Македонија“ со извештај против корупцијата [09.09.2008]
• Измами со социјална помош од 120.000 евра [04.09.2008]
• 48 часовен притвор за Ѓулер Сулејмани [29.08.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk