Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Андрески наводно ќе ги преземел „Време“ и „Шпиц“

Катерина Гетева Коментари (1)   
12.09.2008 19:16
 
 

Дали паниката дека 80% од кадарот на Европски универзитет си заминал, или незадоволствата на студентите од оваа високообразовна институција, за која зборуваа пред камерите на А1 и во дневните весници „Време“ и „Шпиц“, го испровоцира сопственикот на Европски универзитет Бојо Андрески денеска бесмислено и неаргументирано да пласира информации во јавноста дека ќе ги презема весниците „Време“ и „Шпиц“?

Обидот на Андрески, сопственик на печатницата „Цетис“ и весникот „Вечер“, најверојатно е обид да ги замолкне весниците, а со тоа да стави крај на се посериозните и чести обвинувања од страна на неговите студенти.

Неосновано, користејќи правни бесмислици и незаконски обвинувања, неговиот адвокат најави дека ќе ги преземеле двата весника.

„Со оглед дека не постои друг имот на фирмите кои се должници, „Цетис“ ќе ги направи сите напори да своето побарување го наплати, па дури и на тој начин, што согласно Законот за извршување, ќе се преземат нивните весници“, вели Стево Миновски, адвокат на Андрески.

Според законот, одредбата преземање не постои. Правните експерти кои ги консултираше А1 велат дека законски не е предвидена можност за преземање на весници, така што и најавите на адвокатот за правниците е само јалов обид на нарушување на големиот углед кој го уживаат најтиражните „Време“ и „Шпиц“.

Прес-конференцијата адвокатот ја одржа во кабинетот на Андрески на Европскиот универзитет, установа на чија сметка во последните денови дојдоа низа сериозни обвинувања од страна на студентите за кои пишуваа токму весниците и „Време“ и „Шпиц“.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk