Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Наука/техника  

Првата фаза од експериментот успешно завршена

Коментари (51)   
10.09.2008 12:48
 
 

Во најголемиот светски акцелератор за честички LHC, успешно е завршен првиот голем тест на пуштање сноп од протони во долж 27 километри долгиот кружен тунел на акцелераторот.

Шефицата на овој проект Лин Еванс изјави дека по неколку тестови, се појавиле две точки на екранот од компјутерот, што значи дека протонскиот сноп успеал да ја помине целата должина на тунелот.

Почетокот на експериментот нестрпливо го очекуваа над 9.000 физичари од целиот свет.

„Добро завршена работа луѓе!“, рече генералниот директор на ЦЕРН, Роберт Ајмар, по пуштањето на протонскиот сноп во акцелераторот во 9 часот и 30 минути утринава, под швајцарско-француската граница.

Бидејќи протонскиот сноп е успешно тестиран во правец на стрелките на часовникот, ЦЕРН најави дека планира да пушти сноп и во обратна насока.

Следната фаза, како што е најавено, е да се пушти сноп од веќе забрзаните честички во акцелераторот, каде ќе бидат доведени до брзина значително помала од брзината на светлината.

На крајот сноповите ќе бидат пуштени во двете насоки на кружниот тунел.

Целта на експериментот е симулирање на Големата експлозија, во услови слични на оние кои постоеле милијардити дел од секундата по настанокот на вселената.

 
 

Компјутерите ќе регистрираат се што се случува во тие минијатурни верзии на исконските огнени кугли, а околу 10.000 научници ширум светот ќе го анализираат собраниот материјал. Посебни детектори ќе ги набљудуваат милијардите честици настанати по судирот и ќе бележат како се спојуваат, оддалечуваат или просто исчезнуваат.

Научниците посебно ќе се позанимаваат со концептите благодарение на кои и се почнало, како „темната материја“, „темната енергија“ и „Хигсовиот бозон“, хипотетична елементарна честичка за која се смета дека е клуч на мистеријата за тоа како материјата добила маса. Оваа честичка е единствениот уште не откриен дел од т.н Стандарден модел на елементарните честици.

Без маса, ѕвездите и планетите никогаш не би можеле да се обликуваат во еони по Големиот бенг и животот не би започнал ниту на Земјата или, како што веруваат некои научници, и на некои други светови.

На овој проект потрошени се 10 милијарди американски долари, но дури и силната компјутерска сила во ЦЕРН нема капацитет да ги собере сите податоци кои ќе стигнуваат во нив кога ќе почне експериментот.

Во согласност со тоа, научниците на лабораторијата пронашле начин како да се подели товарот од примање информации меѓу десетина компјутерски центри од целиот свет.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• 60.000 компјутери за историскиот експеримент [09.09.2008]
• Смртни закани до научниците поради страв од крај на светот [09.09.2008]
• Наскоро крај на светот?! [04.09.2008]

  Најнови вести од Наука/техника 
• Гугл го напаѓа Виндоуз [02.09.2010]
• Јапонец го пресмета Пи на пет трилиони децимали [01.09.2010]
• Диносаурусите изумреле од метеорити [30.08.2010]
• Популарноста на Јутуб се исплаќа [29.08.2010]
• НАСА откри две нови планети надвор од Сончевиот систем [28.08.2010]
• Активноста на сонцето во изминатите години се намалила [27.08.2010]
• Во Египет откриен град стар 3.500 години [26.08.2010]
• Откриен нов сончев систем со седум планети? [25.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk