Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Ханс Лотар Штепан добитник на „К.П. Мисирков“ за животно дело

Горан Момировски Коментари (7)   
05.09.2008 19:28
Ханс Лотар Штепан
 

Поранешниот германски амбасадор во Македонија Ханс Лотар Штепан во интервју за А1 вели дека Македонија не треба да попушти во спорот со Грција и дека е жртва на европските заговори од почетокот на 20-иот век.

Ваша екселенцијо, за Вашата истражувачка книга „Македонскиот јазол“ Вие годинава ја добивате престижната награда „Крсте Петков Мисирков“ на Фондацијата „Рамковски“. Колку оваа награда и другите претходно добиени награди Ви значат како сатисфакција за сето она што го вложивте како труд во последниве 15 години истражувајќи за Македонија?

Станав духовен воин на Македонија. Потоа општината Кисела Вода ми додели плакета за високи достигнувања. Минатата година МАНУ ми ја додели наградата „Блаже Конески“, а сега наградата „Крсте Мисирков“. Сите тие се огромна чест за мене и, се разбира, задоволен сум.

Што се однесува на наградата „Мисирков“, има еден дополнителен елемент. Мислам дека тoa е добар знак дека оваа земја одгледала основачи кои се доволно великодушни да направат фондација како Фондацијата „Рамковски“ и да ги наградуваат делата кои ги сметаат за доволно интересни за нивните цели.

Аргументите коишто Вие ги изложивте во Вашата книга „Македонскиот јазол“ им помогнаа на голем број луѓе во Македонија да ја осознаат подобро историјата за својата земја.

Убеден сум дека сите историчари се согласуваат дека ако сакате да ја сфатите денешната политичка ситуација, морате да навлезете во историјата. Оваа историја докажа она што јас го проверив, на пример, дека Грција пред 1912-'13-тата никогаш не ја поседувала македонската територија. Ни во античко, ни во римско време, ниту во словенско време, ни за време на Отоманската империја.

Само по прекршувањето на меѓународниот закон во 1912-'13-тата за време на Балканските војни, заедно со Бугарија, Србија и Црна Гора. Тие ги окупирале и ги припоиле Македонија, Тракија и Епир. Во основа, Грција ја украла македонската територија, зашто ова било против меѓународниот закон.

Оваа историска врска е целосно независна од правото на Македонија за самоопределување. Сите народи во светот го имаат тоа право, така и Македонија може сама да решава за својот идентитет, за своето име. Никој не треба да се меша.

Честопати Вашите јавни говорења за Македонија, Вашите позиции коишто ги објавивте во книгата „Македонски јазол“ се различни од официјалните позиции на германската политика.

Кога се вратив дома откако бев подолго од три години во Македонија, одржав неколку говори во Германија за македонското прашање, за балканските работи, за јужноевропските, југословенските работи. Се повеќе сфаќав дека ми недостигаат многу информации за потеклото. Затоа почнав да барам во досиејата на Министерството за надворешни работи на Германија, прво во Бон неколку месеци, а потоа некое време во Берлин. Таму дознав дека барањата на соседните земји до Македонија се сосема неоправдани.

Неодамна испративте писма до високите претставници на ЕУ и НАТО, господинот Баросо и господинот Шефер. Дали може наскоро да очекуваме одговор од нивна страна и дали честопати се случува германски дипломат да не добие одговор од страна на Еу и НАТО?

Тие знаат дека Грција е вешта, дека мами и дури и ја лаже Македонија, знаат дека не треба да биде така. Посебно од лулката на Европа, од лулката на демократските принципи. Грција треба да има одговорност за вистина и правда.

Европската комисија знае за ова. Ако продолжи да ја поддржува Грција со лажната солидарност, тогаш мора да постојат поголеми интереси зад кулисите. Мислам дека заднината се Балканските војни и односите меѓу Балканската лига и Антантата пред Првата светска војна.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Врачени наградите „Крсте Мисирков“ 2008 [05.09.2008]
• Илија Васков добитник на „Мисирков“ за наука [04.09.2008]
• Благоја Николовски - добитник на наградата „К.П. Мисирков“ [03.09.2008]
• Борис Трајанов, втор добитник на наградата „Мисирков“ [02.09.2008]
• Шабан Сејдиу, добитник на наградата „Мисирков“ [01.09.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Трајановски и Тодоровиќ во одбрана на проектот „Скопје 2014“ [09.02.2010]
• Етика задожителен предмет за шестооделенците од идната година [09.02.2010]
• Изложба на необјавени слики од Димитар Папрадишки [09.02.2010]
• Посета на Груевски на Чешка [09.02.2010]
• Македонци сакале да го киднапираат Мурињо [09.02.2010]
• Две жртви од А(Х1Н1) во последните три дена [09.02.2010]
• Виничанец под дејство на алкохол си ја убил сопругата [09.02.2010]
• Хамарберг: Македонците во Бугарија загрозени [09.02.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Фуере: Преговори со ЕУ оти се можни тензии
  2. Шехерезад му роди син на Онур
  3. Во Амазон откриена древна цивилизација
  4. Бурж затворен на неопределено време
  5. Виничанец под дејство на алкохол си ја убил сопругата
  6. Хамарберг: Македонците во Бугарија загрозени
  7. Кучан: Недемократски молк на ЕУ кон Македонија
  8. Трајановски и Тодоровиќ ќе го бранат „Скопје 2014“
  9. Пронајдената облека е идентична на онаа од Ангела
  10. Христо-Спанаќ притворен во душевна болница
  1. Христо-Спанаќ притворен во душевна болница
  2. Пронајдената облека е идентична на онаа од Ангела
  3. Распеан сумо-борач ја потресе Јапонија
  4. СДСМ: Хотелската афера е владин криминал
  5. НСДП: Да се потрошат 200 милиони евра за „Скопје 2014“ е лудост
  6. На дел од старите скопјани им се допаѓа „Скопје 2014“
  7. Јавниот превоз и улиците во мизерна состојба
  8. Јанкуловска не коментира дали Вранишковски е срски шпион
  9. Заев со видео проекција за Струмица
  10. Муча: Зад нас не стои ниедна политичка партија
   Други сервиси  
» Вести и програма на и-мејл
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk