Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Спорт  

Доаѓаат шкотските навивачи

Елена Ацевска Коментари (2)   
04.09.2008 17:07
 
 

На три дена пред натпреварот Македонија - Шкотска, во Скопје вистинска шкотска инвазија. Шкотланѓаните воодушевени од Македонија. Им се допаѓа климата, пивото, љубезните домаќини. Некои од нив дошле и со семејствата да навиваат за својата национална фудбалска репрезентација.

На кејот на Вардар и скопските пабови може да се видат традиционални карирани килтови, откачени фризури во националните бои, во добро расположение со чаша македонско пиво, иако можат да пијат и домашно.

„Прекрасно е времето, а и прв пат пробав македонско пиво. Воопшто не е лошо. Многу е убаво, има добри и љубезни луѓе, среќен сум што сум овде“, рекоа навивачите на Шкотска.

Иако се страсни навивачи за Шкотска, сепак велат дека и Македонија не е за потценување, особено зошто на нашата репрезентација нема да и пречи топлата клима. Типуваат, сепак, на победа за Шкотска.

„2:1 за Шкотска. Претопло е за Шкотланѓаните да играат. Јас би рекол 1:1“, прогнозираа Шкотланѓани.

Откако го открија македонското пиво, по прилогот Шкотланѓаните се заинтересираа и за вестите.

„Во 7? Ќе гледам ако не сум премногу пијан“, рече навивач.

Шкотските навивачи засега се добри гости. Вечерва се очекува нивниот број да се зголеми за уште 2.000, кои специјален лет со својата репрезентација ќе пристигнат од Шкотска.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Македонија пулсира во фудбалски ритам [03.09.2008]
• Само три кола и инциденти во фудбалот [01.09.2008]
• Катанец одржа тренинг пред Шкотска [01.09.2008]
• МВР ќе го казнува раководсвото на Вардар [01.09.2008]
• Тепачки по натпреварот Вардар – Ренова [31.08.2008]

  Најнови вести од Спорт 
• Типсаревиќ го порази Родик [02.09.2010]
• Познати сите осминафиналисти на СП во Турција [02.09.2010]
• Двајца македонски борачи на СП во Москва [02.09.2010]
• Фудбалерите очекуваат поволен резултат против Словачка [02.09.2010]
• Мурињо: Не сум зависник од титули [02.09.2010]
• Повредата на Робен е мистерија [02.09.2010]
• Капело остана без еден напаѓач [02.09.2010]
• Комплетирано третото коло на ЕП во ватерполо во Загреб [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk