Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Македонски новинари вратени од Меџитлија

Горан Момировски Коментари (3)   
19.07.2008 20:42

Се повторува историјата. Екипата на А1 и пред нецели две години се обиде да влезе да направи репортажа во Северна Грција, во Егејска Македонија, да поразговара со припадниците на македонското малцинство, но и тогаш не успеа.

Не успеа ни попладнево, кога заедно со екипите на А2, „Форум“ и „Македонско сонце“ бевме вратени од страна на грчките погранични служби на преминот Меџитлија, со образложение дека без соодветна акредитација од страна на Министерството за информации на Грција, македонските медиуми денеска не можат да влезат во Грција.

Идејата беше да се појде во Овчарани, во малото село покрај Лерин, каде што денеска и утре се одвива прославата на религиозниот и национален празник, Илинден.

Таму, како и многу години наназад, се одвива свеченост на којашто преку македонски игри, песни и ора се негува македонскиот идентитет и култура.

Инаку, денеска први коишто ја почувствуваа новата гранична политика на грчките власти, беа членовите на екипата на „Форум“ магазинот.

„Граничните власти на Грција, околу пладне ни ја врати екипата на „Форум“, иако имавме уредна документација, имавме извадено визи коишто беа извадени специјално за правење на репортажа. Граничните власти не вратија со образложение дека немаме потврда од грчкото Министерство за односи со јавност дека можеме да влеземе во Грција“, изјави Катерина Нешкова, новинар во „Форум“.

„Ни рекоа дека службено не можеме да влеземе, меѓутоа приватно доколку ја оставиме целата опрема ќе ни биде овозможено да влеземе во Грција, по што ние решивме да се вратиме назад“, додаде Нешкова.

На македонските медиуми, кои денеска не можеа да влезат, им беше кажано дека од понеделник натаму можат да продолжат со својата со Грција, меѓутоа во текот на овие два дена, тоа нема да им биде овозможено.

На преминот Меџитлија денеска имаше зголемен број на припадници на грчките сили за внатрешни работи, но и голем број на грчки медиуми.

Две екипи на грчките медиуми, телевизиите „Мега“ и „Антена“, денеска беа исто така вратени од страна на македонските власти и им беше побарана акредитација, што само зборува за нивото на тензиите со коишто се соочуваат двете страни.

Во последниве десетина години, потешкотии околу информирањето и покривањето на настаните што се случуваат со Македонците во Грција, има и Славко Минговски, поранешен уредник на весникот „Македонско сонце“, а сега уредник на телевизијата „ТВ Сонце“.

Манговски има американски пасош, член е на ЗНМ и се уште не може да влезе во Грција.

„Јас сум ставен на т.н. црна листа или листа на личности кои не се добредојдени во Грција. Причината била дека јас сум некаква закана за грчката безбедност, а единствената закана за грчката безбедност се моите пишувања за што се случува со македонското малцинство во Грција“, изјави Славко Минговски, уредник на „ТВ Сонце“.

„Во годините 1999-та, 2000-та, 2001-та, јас скоро секоја недела одев во Егејска Македонија, пишував што се случува по панаѓурите и тоа очигледно Грците не го сакаат. Тие не сакаат нашите медиуми да пишуваат што се случува таму, дека има многу Македонци со сето македонско патриотско чувство и кои луѓе, се разбира, се исти како нас“, рече Минговски.

„Јас сум единствениот американски државјанин кој не може да влезе во Грција. Преку некакви врски проверивме дека официјалната причина поради која не можам да влезам е дека сум закана за грчката безбедност. За мојот случај во 2002 година се зборуваше дури и во ОБСЕ на состанокот во Варшава, меѓутоа Грците кажуваат дека јас сум закана само заради тоа што сум новинар и пишувам“, вели Славко Минговски.

„Смешно е да се тврди дека Македонци нема, еве сите кои ќе одат денес во Овчарани на панаѓурот, ќе видат колку навистина „нема“ Македонци. Ги има со илјадници, тие постојат, се борат за своите права. Оваа грчка држава треба конечно да разбере дека е европска држава и треба да се однесува како европска држава. Тоа досега не го правела“, додаде Минговски.

Вечерва, голем број на македонски граѓани, граѓани на други држави, Америка, Канада, Австралија ќе заминат за Овчарани да присуствуваат на веселбата по повод празникот Илинден.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Промовиран филм за децата бегалци [19.07.2008]
• Светска средба на децата бегалци во Скопје [18.07.2008]
• Македонците не губат надеж за имотите во Грција [06.07.2008]
• Македонците во Грција под притисок од грчката Влада [12.05.2008]
• Собир на децата бегалци од Егејска Македонија [11.05.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk