Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Јово Вангеловски е нов претседател на Врховен суд

Миле А. Ристески Коментари (1)   
17.07.2008 16:59
Јово Вангеловски
 

Јово Вангеловски, последниот избран судија во Врховниот суд, од денеска е и нов Претседател на судот. За многумина очекувано, Вангеловски вели дека е изненаден од изборот.

За него претседател на Врховниот суд е предизвик, со кој може да се носи.

„Судството е независно, поставено е според Уставот, а се надевам дека во текот на мојот мандат ќе се уверите дека независноста на судството, и во тие извештаи коишто ги споменувате, ќе биде токму така дефинирано, како независно“, вели Јово Вангеловски, претседател на Врховен суд.

Седницата на судскиот Совет била свикана во последен момент, иако сите членови веќе се на годишен одмор. Работата трпела, тврди Бекир Исени, кој негира политички притисоци при изборот на Јово Вангеловски.

За новиот претседател на Врховен гласале сите 11 члена на Советот.

„Сите гласаа за него. Од тоа може да се заклучи дека нема никакво влијание или пак, дека гласањето е партиско“, рече Бекир Исени, претседател на судски Совет.

За местото претседател на Врховен, покрај Вангеловски конкурираше и судијата Николче Николовски, и двајцата блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Јово Вангеловски во мај беше избран за Врховен судија. Тогаш и започнаа шпекулациите дека тој ќе е новиот претседател на судот.

По неуспешниот обид за избор во понеделникот, денешната расправа во судскиот Совет траеше само еден час.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Утре во втор обид се избира претседател на Врховниот суд [16.07.2008]
• Судската администрација го стави штрајкот во мирување [14.04.2008]
• Штрајкот во судството зависи од политичката состојба [10.04.2008]
• Штрајкот на судската администрација ќе се радикализира [08.04.2008]
• Судската администрација повторно во штрајк [07.04.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk