Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

СБ: Битола најефикасна за водење бизнис

Пеце Стефановски Коментари (1)   
14.07.2008 17:48
Зоран Ставрески
 

Битола е најдобра во ефикасноста за водење бизнис во конкуренција на 22 градови од седум земји на Југоисточна Европа, кои меѓусебно се споредуваат во надлежностите на локалните власти.

Ова денеска беше соопштено од страна на претставниците на Светската банка, при презентацијата на првиот регионален и локален „дуинг“ бизнис извештај за ЈИЕ, што се одржа во Битола.

„Од градовите во регионот, ние сме пресреќни што Битола е рангирана на прво место од 22 града во ЈИЕ“, изјави Џејн Арметич, директор на Светска Банка за ЈИЕ.

Ова е второ признание што Македонија го добива од Светска банка во реформирањето на бизнис климата.

„Тоа е многу добар сигнал за сите инвеститори во земјата и странство дека условите за инвестирање во Битола се добри“, рече Зоран Ставрески, вицепремиер за економски прашања.

Битолчани не го криеја своето задоволство што градот на културата станува и привлечна дестинација за инвеститори.

„Градот којшто е познат како град на конзулите, град на културата, убаво е да се чуе дека е број еден и во делот на бизнисот“, вели Владимир Талевски, градоначалник на Битола.

Република Македонија во „дуинг“ бизнис извештајот на Светска банка беше рангирана на четврто место од десетте топ реформатори, во конкуренција на 178 земји, а признанието за Битола потврдува дека се интензивираат и локалните реформи.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk