Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Интернет кафулињата се преполни со гејмери

Емилија Јовановска Коментари (6)   
12.07.2008 19:22
 
 

Да се поминуваат по пет-шест, па и повеќе часови на компјутер играјќи видео игри или сурфајќи на интернет, да се живее во сајбер простор во едно време беспросторно.

Ова станува начин на живот на голем број млади. На секој чекор има интернет кафулиња преполни со гејмери.

Од шестгодишни деца до луѓе во триесеттите години играат видео игри, несвесно заменувајќи го реалниот со виртуелен свет, во кој најчесто треба да се убијат многу противници за да се стигне на следното ниво.

„Играме „Кантер“, „Дота“, „Ворлд оф вор крафт“. Агресивните игри се поинтересни во интернет кафе“, рече гејмер.

Со часови мрежно поврзани се обидуваат да ги уништат противниците, виртуелни конкуренти од другата страна на екранот.

„Не знам дали е сега таков период на младинава, да играат такви пукачки игри, не знам точно да ви кажам зошто се толку агресивни, ама ги обожаваат“, изјави Шпиро Спасовски, сопственик на интернет кафуле.

Експертите предупредуваат дека ваквите игри се опасни. Агресивноста од пред компјутерот продолжува и во играта надвор од интернет кафулињата, затоа што кога ќе излезат во реалниот свет, тие не знаат како поинаку да комуницираат.

„Јас имав можност да посматрам неколку интернет кафиња, но и подолго време една група на деца кои доаѓаа еден период. Тие играа постојано воени игри. Толку се занесуваат, дури вриштеа, се внесуваа во тоа“, вели Илија Ацевски, универзитетски професор.

„Притоа се прашував каква врска има тоа со реалноста, кога ќе се соочат после тоа во реалниот живот. Дали има негативни последици? Секако“, рече Ацевски.

Гејмерите признаваат дека видео игрите се зависност, но најчесто за тоа не сакаат да зборуваат пред камера.

Велат дека остануваат со часови пред компјутер за да победат, како што велат со нивниот јазик, да ја свртат играта и повторно да почнат од почеток.

Во Македонија досега не се направени посериозни научни истражувања за негативното влијание од долготрајното играње видео игри или постојаното сурфање на интернет.

Но, научните истражувања во светот укажуваат на фактот дека таквиот начин на комуникација претставува зависност иста како зависноста од сите видови пороци.

Од социолошка гледна точка ваквиот начин на комуникација претставува отуѓување на луѓето едни од други, но и од самите себеси.

Живеат во свој свет во кој можат да бидат што сакаат и да го заменат вистинскиот идентитет со некој друг.

Во информатичкото општество, во кое сме одамна влезени, компјутерите и интернетот се неопходни, но мора да се сфати дека тие се само средство за работа, вели социологот Илија Ацевски.

„Компјутерот и овој тип на комуникација треба да се доживува како средство, како начин, да служи на некоја потреба на човекот, а не да се наметне во една патолошка смисла, човек да стане зависен од тоа дека се таму се наоѓа“, додаде Илија Ацевски.

Гејмерите се сосема обични луѓе. Тоа се деца, татковци, сопрузи, браќа, но зад компјутерскиот екран имаат друг лик, со речникот на компјутерџиите, најчесто стануваат сајбер ѕверови.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk