Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Парното ќе поскапи за околу 60%

Мишко Иванов Коментари (3)   
08.07.2008 17:18

Парното греење поскапува приближно за 60%. Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до понеделник ќе одлучи точно за колку ќе се зголеми цената.

Неверојатниот раст на цената на мазутот од речиси три денара, како и одлуката на Уставниот суд дека регулаторите не смееле ретроактивно да ја зголемуваат цената на парното греење, ќе го предизвикаат овој енормно висок раст на цените за парното.

Ниту „Топлификација“ А.Д. Скопје, ниту регулаторите не ги демантираат овие информации за ова најголемо поскапување досега на парното греење.

Цената мазутот, трошоците за работење, како и очекуваниот раст на цената на природниот гас за околу 14,5% се клучните двигатели за огромното зголемување.

Цената на мазутот денеска изнесува 38 денара. Во споредба со лани, кога цената изнесуваше 23,5 денара, тоа е зголемување на цената за 62%.

Ваков раст на цената на мазутот досега не е регистриран во Македонија. Овој енергенс е клучен за производство на топлинска енергија.

Неофицијално, дознава А1, доколку парното греење се зголеми за помалку од 60%, можно е „Топлификација“ А.Д. Скопје во октомври, кога и започнува грејната сезона, да прекине со производство и испорака на топлинска енергија. Причината е токму скапиот мазут.

Од лани „Топлификација Битола“ не работи, бидејќи немаше финансиски средства за набавка на мазут.

Сега, според информации на А1, се доведува во прашање и работата на „Топлана Запад“, која работи исклучиво на мазут.

Единствен снабдувач на мазут во Македонија засега е скопската рафинерија „ОКТА“. Експертите веќе апелираа за побрза либерализација во овој пазар.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Парното ќе поскапи [26.06.2008]
• Поскапува парното [25.02.2008]
• Владата ќе се обиде да го релативизира ценовниот шок [08.02.2008]
• Поскапо парно најверојатно во февруари [07.02.2008]
• Битолчани се самоорганизираат за греење [13.11.2007]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk