Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Парното ќе поскапи

Мишко Иванов Коментари (0)   
26.06.2008 17:46

Поскапува парното. За две недели ќе се знае точно за колку проценти. Регулаторната комисија за енергетика заврши со увидот во топлификациите во Скопје.

Сега се очекува анализата од контролата, по што регулаторите ќе одлучат за колку проценти ќе има поскапување.

Зголемените цените на мазутот притиснаа и на парното, имајќи го во предвид фактот дека „Топлификација Скопје“ топлинската енергија ја произведува со користење на мазут.

Последното поскапување на парното беше кон крајот на февруари. Тогаш Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цената на парното кое имаше ретроактивно дејство.

Граѓаните добија повисоки сметки за јануари и февруари. Во Скопје Север сметките се зголемија за 8,9%, а „Топлификација Скопје“ доби зголемување за речиси 18%.

Но, оваа одлука на регулаторите за зголемување на цените на парното со ретроактивно дејство, Уставниот суд на Македонија вчера ја поништи.

Судот заклучи дека поскапувањето не може да важи од 1 јануари годинава, бидејќи одлуката за корекција на цената на топлинската енергија била донесена кон крајот на февруари. За судот ваквата одлука не е во согласност со Уставот.

Оваа одлука на Уставниот суд ќе предизвика дополнителен притисок врз новата цената на парното греење.

Сега „Топлификација“ ќе мора да им ги враќа парите на граѓаните, а потоа регулаторите загубите на „Топлификација“ најверојатно ќе ги вкалкулира во најновото поскапување, кое се очекува за две недели.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Поскапува парното [25.02.2008]
• Владата ќе се обиде да го релативизира ценовниот шок [08.02.2008]
• Поскапо парно најверојатно во февруари [07.02.2008]
• Битолчани се самоорганизираат за греење [13.11.2007]
• Битолчани останаа без парно греење [07.11.2007]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk