Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Отворена истрага за криминалите во „Телеком“

Александар Момировски Коментари (0)   
23.05.2008 19:50

Министерството за внатрешни работи го испитува криминалот во „Телеком“. А1 дознава, секторот за економски криминал побарал увид во документацијата на фиксниот оператор за да ги провери констатациите дека во „Мактел“ се испрани 6,7 милиони евра.

Податоците за финансискиот скандал што неделава ги објави „Маџар Телеком“ одат и под лупа на надлежните институции во земјава. Според информациите, во МВР ќе бидат повикани на разговор и дел од поранешните директори во „Телеком“ како и оние кои со години алармираа дека во компанијата се работи незаконски.

Според процедурата, по деталниот увид, ако утврди неправилности Министерството, доказите треба да ги достави до јавното обвинителство кое, пак, треба да покрене постапка за кривично гонење. Во внатрешната истрага ревизорите од американската адвокатска куќа „Вајт анд Кејс“ открија шест договори што директорите во „Мактел“ незаконски ги склучиле со фирма од Кипар во периодот од 2004 та до 2006-та.

Главен директор на „Телеком“ тогаш беше Атила Сендреј. Официјално од МВР велат дека детално ќе го испитаат случајот.

Извори на А1 тврдат дека истрагата ќе се прошири и на други сектори на работењето на менаџерската структура раководена од Сендреј. Ќе се проверува работата на директорите за периодот од 2002-та до 2006-тата.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Институциите молчат за скандалот во „Телеком“ [22.05.2008]
• Финансиска проневера во „Мактел“ [21.05.2008]
• „Телеком“ спрема 11 милиони евра за доброволни отпуштања [11.04.2008]
• „Телеком“ бара 500 вработени доброволно да си заминат [10.04.2008]
• Директорите во бордот на „Телеком“ си ги зголемија платите [18.12.2007]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk