ПАСОК против „Нова Македонија“ како решение за името
07.05.2008 12:10
Најголемата опозициска партија во Грција, Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК) соопшти дека е против идејата за името „Нова Македонија“ како решение за спорот меѓу Скопје и Атина. Според портпаролот на ПАСОК, Јоргос Папаконстантину партијата е против оваа име, бидејќи терминот „нова“ не претставува географска одредница. „Ако некој го бара разбивачот на грчкиот национален консензус за прашањето на името, нека го бара во редовите на Владата и особено кај министерот за надворешни работи Дора Бакојани“, нагласи Папаконстатнтину. ПАСОК досега во повеќе наврати соопшти дека се противи на идејата за двојна формула за решавање на спорот околу името, туку дека се залага за изнаоѓање единствено име „и за внатрешна и за надворешна употреба“, кое ќе содржи географска одредница.
| 1. | B.D. од Skopje на 07.05.2008 во 22:57 напиша: |
sovrseno voopsto ne me interesira sto mislel nekakov si 'pasok' od nekakva si 'grcija' za istoriskoto ime na makedonskata drzava i makedonskiot narod. inaku, spored moe licno mislenje, 'grcija' treba da se vika junanistan, i za vnatresna i za nadvoresna upotreba. se nadevam deka ova moe licno mislenje kje se prenese vo site vesti vo junanistan. |
| |
| 2. | Горан на 07.05.2008 во 23:03 напиша: |
| Се ми се чини дека ова е во наша полза бидејќи кој вели дека има „Северна“, автоматски ја признава „Јужната“ како дел од една голема целина. Семантика! Ама на Филолошки Факултет при УКИМ нема кој да ја предава... Штета!!! |
| |
| 3. | Тања од Скопје на 08.05.2008 во 10:28 напиша: |
Јужниот сосед на нашата Македонија вака ќе прави постојано ќе не врти во круг, а на нас очигледно веќе ни се врти во главата од глупости. Нјадобра одбрана е нападот. Зошто Македонија само се брани и правда? Аргументите се на страна на Македонија, и никој не прави ништо во врска со тоа или најверојатно незнае како да го направи. Да повторам? Нјадобра одбрана е нападот. |
| |
|
|
| |
Други сервиси |
|
 |
|