Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Можен е монопол во мобилната телефонија

Александар Момировски Коментари (2)   
06.05.2008 19:48

Уште неразбиен во фиксната, Македонија е на пат да добие монопол и во мобилната телефонија. Најавите за преземање на грчки „Оте“ од страна на „Дојче телеком“ го разбранија телекомуникацискиот бизнис во земјава.

„Ти Мобајл“ и „Космофон“ ќе имаат еден газда, единствен конкурент ќе им биде „ВИП оператор“.

„Будно го следиме развојот на настани во врска со можната аквизиција на дел од акциите на грчки „Оте“ од страна на Дојче телеком“, изјави Никола Љушев, главен извршен директор на „ВИП оператор“.

„Доколку последниот развој на глобално, односно регионално ниво почне да влијае на македонскиот пазар на електронски комуникации, веруваме дека Комисијата за заштита на конкуренцијата професионално и во согласност со својата ориентираност за заштита на конкуренцијата ќе преземе соодветни мерки да го заштити пазарот на мобилна телефонија, а пред се корисниците од евентуално монополско однесување“, вели Љушев.

Клучниот договор за зделката се очекува да падне утре. Според неофицијалните информации „Дојче телеком“ во преговорите со грчката Влада бара да има контрола во одлучувањето во „Оте“.

Во земјава Германците преку „Ти Мобајл“ имаат повеќе од милион корисници, Грците преку „Космофон“ повеќе од половина милион корисници или заедно држат околу 90% од пазарот.

Во законот за заштита на конкуренцијата стои дека монопол може да се појави ако некој субјект има контрола на повеќе од 40% од клиентите и услугите, но за да се утврди монопол треба да се проверат дополнителни критериуми.

Надлежните ќе почекаат официјално известување од финишот на зделката за да ги почнат анализите.

„И ако утврдиме дека е таков, тогаш преземаме она што повторно законот ни го пружа како можност, да забраниме таква концентрација, да му наложиме на веќе спроведениот договор да претрпи извесни модификации во смисла на растурање на таквиот нов пазарен монструм“, рече Чедомир Кралевски, Комисија за заштита на конкуренцијата.

„Дојче телеком“ пред два месеца за 2,5 милијарди евра понуди да откупи 20% од капиталот на грчки „Оте“ што го поседува инвестициската компанија „Марфин Инвестмент Груп“.

Извршувањето на зделката е условено со договор со грчката Влада, „Дојче телеком“ да откупи и дел од нејзините акции.

Грчката Влада, пак, во „Оте“ поседува 28% од капиталот. Вработените во телекомуникациската компанија денеска стапија во дводневен штрајк, во обид да ја натераат Владата да не му ги продава акциите на „Дојче телеком“.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk