Оптичкиот кабел на железницатА ќе го користат ВИП и „Теле Смарт“
21.04.2008 18:25
Оптичкиот кабел на „Македонски Железници“ ќе го користат ВИП оператор и „Теле Смарт“. Железницата ги избра двете фирми на кои ќе им го изнајмува оптичкиот кабел а преку кој може да се даваат услуги во фиксната, мобилната телефонија и интернет. Во следната фаза МЖ ќе го понуди на користење и останатиот дел од оптичкиот кабел што го поседува. „Со ставање во функција на нашиов оптички кабел, отворена е можноста за понатамошна либерализација на информатичкиот сектор во Република Македонија, со што практично би се овозможило цените на интернет услугите на сите овие фирми, компании и услуги кои што се од оваа област да бидат веќе драстично намалени со самото тоа што ќе има можност повеќе фирми да се појават на овој сектор“, изјави Никола Димитровски, директор на МЖ „Транспорт“.
| 1. | Јован на 21.04.2008 во 19:37 напиша: |
| А кога ќе ги поправат возовите? |
| |
|