Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Делисо ја открива вистината за Македонците

Александра Бубевска Коментари (4)   
17.04.2008 18:38
Кристофер Делисо
 

Кристофер Делисо, американски патеписец и новинар, ја открива вистината за Егејска Македонија и за Македонците во Албанија, во неговиот патепис насловен „Скриена Македонија“.

Редица читатели, денеска на саемот на книгата, чекаше да го запознае овој познавач на македонските и на балканските прилики.

„Јас мислам дека ова е прва книга која што се занимава со животот на Македонците во Албанија и во Грција. Има некаква метафора во самиот наслов, идентитетот скриен од грчка страна, албанскиот дел е скриеноста од изолираноста од остатокот од светот. И покрај тоа што овие проблеми се однесуваат на Македонија, се однесуваат и на целиот регион и пошироко. Не се само проблеми кои ја опфаќаат Македонија“, изјави Делисо.

Во организација на фондацијата „Рамковски“, денеска Кристофер Делисо беше гостин на предавањето на професорот Стефан Влахов Мицов на универзитетот ФОН, на кое тој говореше за книгата „Бугарската политика кон Македонија“, која ја напишале 26 видни бугарски интелектуалци и е објавена на 31 март.

Според Влахов Мицов, се работи за отворен антимакедонски сојуз меѓу Бугарија и Грција.

Кристофер Делисо одговараше на прашањата на студентите на ФОН. Македонското издание на неговата книга го издаде „Матица Македонска“.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk