Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Миловановиќ: Сите сфатија дека сте подготвени за НАТО

Биљана Секуловска Коментари (0)   
04.04.2008 20:47
Џилијан Миловановиќ
 

„Спорот за името ви е проблем со години. Ако е можно да најдете решение, ќе ви се отворат многу врати“, изјави во интервјуто за А1 Џилијан Миловановиќ, амбасадор на САД во Македонија.

Како Вие ја коментирате одлуката за вето за Македонија во НАТО?

Ние и Претседателот на САД, лично, бевме разочарани што НАТО не постигна консензус за да и се даде покана на Македонија, но морате да запомните дека сите сфатија дека Македонија е подготвена за НАТО, од сите 26 земји-членки на Алијансата, а тоа е голем успех. Не сакам да го намалам разочарувањето, но големо достигнување за Македонија е што дојдовте до точка кога сите 26 рекоа дека сте подготвени. Во основа рекоа: Не знаеме на кое име да ја напишеме поканата, но гледаме дека сте подготвени. Значи, има и добри страни.

Што е сега Вашиот совет, советот на САД? Кој е најрационалниот, најмудриот потег што треба да го направи Македонија во овој момент?

Мислам дека сега е најважно да продолжите со работата. Како што реков, голем успех е што сите во Македонија се здружија, лидерите на партиите и останатите работеа заедно за единствената цел, а тоа е да се подготвите за НАТО. Тоа го постигнаа, но треба да се завршат уште многу работи, а најважно е да продолжите да работите на тоа. Сите заедно да работат за да ја продолжат подготвеноста на Македонија и се разбира, имате и други области кои се важни за домашната сцена. Идејата е што си докажавте дека кога ќе работите заедно на некоја цел, можете да стигнете некаде. Се надеваме дека тоа ќе продолжи. Очигледно е дека е важно да продолжите да барате решение на проблемот со името, кој ќе остане проблем се додека не се реши. Тоа мора да се реши и се надеваме дека потоа преговорите ќе продолжат.

Кога веќе споменавте дека треба да продолжат преговорите, што е со времената спогодба? Дали таа треба да се прекине? Таа е сепак американски продукт.

Мислам дека е важно да не се изгубиме во терминологијата, важно е да ја гледаме практичната ситуација. Речиси влеговте во НАТО. Сите се сложивме дека е штета и многу тажно што не стигнавте до целта. Но, многу близу сте. Спорот за името ви е проблем со години. Ако е можно да најдете решение, ќе ви се отворат многу врати. Мислам дека рамките во кои ќе се реши ова прашање, не е проблем. Всушност, постигнавте голем напредок по ова прашање. Иако не дојдовте до решение, вреди да продолжите.

Во лошата вест која ја имавме, имавме и една добра вест. За Македонија најохрабрувачката вест од Америка, склучуваме нов сојуз со Америка. Ќе биде потпишан некаков договор за стабилност на Македонија. Може ли да објасните за што станува збор?

Мислам дека, пред се, важно е да објаснам дека имаме многу силно партнерство со Македонија веќе извесно време. За време на самитот нашиот државен секретар имаше прилика да разговара со вашите лидери, со вашиот министер за надворешни работи и обете страни се согласија дека сакаат тоа да се продлабочи, дека партнерството е важно. Значи, разговаравме за тоа и мислам дека пак ќе се дискутира и доколку господин Милошоски дојде во САД, сигурна сум дека овие работи повторно ќе се разгледаат.

А што се однесува до сојузот, односно договорот, спогодбата, може ли да прецизирате?

Мислам дека природата на она за што ќе се разговара, како и за резултатот на тие разговори, е нешто за коешто навистина не можам да дадам коментар сега. Ќе видиме што ќе биде. Но, важно е дека ние сме ваши пријатели. Долго време сме ви пријатели и мислам дека на самитот на НАТО покажавме колку блиски пријатели сме. Тоа пријателство ќе трае долго.

Што се однесува до одлуката на Грција, односно одлуката на НАТО, светските медиуми имаат коментари - ова е удар на американската политика. Дали Вие сметате дека е удар на американската политика?

Тоа го кажавме уште веднаш, тоа мораат да го сфатат сите. НАТО е сојуз помеѓу 26 земји. Како што често велам, преговор значи дека луѓето треба да се флексибилни и никој не очекува од нас да ја добиеме секоја битка или секое преговарање, особено не кога се работи за 26 земји. Сосема е нормално нешто да се прифати, а нешто не. Некои работи траат подолго. Мислам дека сме многу задоволни од бројот на областите во кои нашата политика беше прифатена со консензус и можеби втемеливме нешто за понатаму.

Најневеројатната работа беше фактот што претседателот Буш изјави пред 24 часа: Македонија ќе добие покана за членство. 24 часа подоцна Македонија доби вето. Прашањето кое се поставува во медиумите, во анализите е како е можно една многу помала, не толку моќна земја како Грција да ја победи најмоќната земја во светот Америка?

Ќе кажам две работи. Прво, претседателот Буш рече дека сака сите три земји да бидат примени. Никогаш не рековме дека можеме да го сториме тоа, дека можеме некому да наредиме нешто. Всушност, често велиме дека никому не наредуваме. Повторувам, ова е сојуз на 23 земји кои работат на принцип на консензус. Јасно е дека доколку една членка е незадоволна, има капацитет да каже не и да немаме консензус. Мислам дека не станува збор за победници и поразени, туку пак, мислам дека тоа е процес. Овие средби се процес и беше поставена добра основа за иден напредок. Тоа е се што би кажала за ова.

Даниел Фрид, помошникот државен секретар на САД, имаше порака до македонските власти: „Помогнете ни за да ви помогнеме“. Дали Македонија и помогна на Америка?

Мислам дека Македонија стори особено многу. Ако погледнете каде бевме во ноември, кога бевме загрижени дека релативно мал број на членки на НАТО сметаат дека Македонија ги исполнува условите за влез во НАТО, од ноември до април стигнавте до точката каде што 26 членки на НАТО, вклучувајќи ја и Грција, рекоа: „Да, ги исполнувате условите.“ Тоа ни покажува што треба да правиме. Следната работа е тоа што Македонија сесрдно се вклучи во процесот на ОН, во преговорите со амбасадорот Нимиц и беше флексибилна, што е исто така многу важно. Ова се нештата со кои треба да се продолжи. Да се сфати дека можеби не ја постигнавте целта првиот пат, но поставивте добри темели, создадовте добра атмосфера и треба да продолжите.

Најголемите стравувања на Македонија и на светските аналитичари, медиуми и политичари се црните сценарија токму околу можноста за вето. Се велеше дека влезот на Македонија во НАТО всушност е гарант за стабилноста на регионот. Има некои политичари кои сметаат дека ќе дојде до политичка криза во Македонија. Вчера лидерката на македонската опозиција Шеќеринска повика на единство на сите политичари, да преовлада гласот на разумот. Какви се Вашите анализи, Вашиот коментар околу тие црни сценарија врзани со албанското прашање во Македонија, со косовското прашање и генерално турбулентноста на регионот?

Прво би рекла, како што кажав и претходно, мислам дека е најважно да работите во единство. Мислам дека тоа единство се покажа веднаш по средбата од страна на вашиот Претседател, Премиерот, министерот за надворешни работи со нивните изјави. Исто мислење имаа и бројни коментатори. „Не сме во криза. Имаме работа, ќе продолжиме и ќе го сториме тоа.“ Тоа е пораката, тоа е она што треба да се направи и треба да се работи заеднички. Доволно долго сум тука за да слушнам многу теории за страшната ситуација кој ќе се случи итн. Пред се, мислам дека нема индиции од страна на Албанија за создавање голема Албанија, за што и зборуваме, нема индиции ни од страна на Косово за тоа. Всушност, и Косово и Албанија се крајно коректни и сакаат да помогнат за се во врска со Македонија, како што и вие им помогнавте ним. Најважното, не гледам дека ниту една албанска партија во земјава, гледано од 2006 година наваму, зашто од тогаш сум тука, но сигурна сум дека и порано било исто, води политика на сепаратизам или платформа „не сакаме да бидеме тука“. Сите се кандидираа и за нив етничките Албанци гласаа масовно, а со цел „подобар живот за нас, подобра иднина за нашите деца и сакаме да бидеме рамноправни граѓани на оваа земја“. Мислам дека сте многу среќна земја, само што не го сфаќате тоа. Така се чувствуваат луѓето и мислам дека нема потреба да се грижите за тоа, туку треба да продолжите да ги градите реформите и можностите за луѓето, за да го имаат чувството дека се дел од ова општество.

Дали сметате дека е загрозена американската политика во регионот со неподдржувањето Македонија да влезе во НАТО?

Не, очигледно е дека повеќе ќе сакавме сите да влезат, но сепак нема никаква криза, работите ќе продолжат, а посебно ако лидерите, народот и економските актери од земјава продолжат да ја вршат работата со која ќе помогнат да напредувате.

Како го примате потегот на Грција? Дали сметате дека се работи за игнорирање на Америка, безгрижност или, пак, е резултат на тоа што се ближат избори во Америка?

Не сакам да се повторувам, но сакам да кажам дека различни нации влегуваат во НАТО, со различни ставови. Некои се менуваат, некои не. Мислам дека тоа не е поврзано со некое прашање во врска со САД, ниту со изборите. Искрено, кој и да победи на изборите во САД, сигурна сум дека со оглед на нашата историја, ќе продолжиме да ве поддржуваме за приемот во НАТО, за да станете нова членка на НАТО. Мислам дека нема врска со овие прашања. Тоа е нормален дел од заемните отстапки во рамките на мултинационалната организација во која некои поминуваат подобро по едни прашања, а други по други прашања. За жал, ние не поминавме добро како што сакавме по прашањето на поканата.

Вие сте оптимист за иднината на Македонија во НАТО?

Апсолутно. Тоа е прашање на време. Можам ли да ви кажам кога ќе се случи? Не знам. Но, 26 земји рекоа дека сте подготвени. Ако можеме да ви помогнеме и ако вие сакате да продолжите со процесот на преговори, тогаш ќе стигнете таму. Вашата иднина е дефинитивно позитивна. И за НАТО и за другите евроатлантски организации во кои сакате да влезете. Апсолутно сум сигурна.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Виничанец под дејство на алкохол си ја убил сопругата [09.02.2010]
• Хамарберг: Македонците во Бугарија загрозени [09.02.2010]
• Кучан: Недемократски молк на ЕУ кон Македонија [09.02.2010]
• Нимиц во Скопје на 23 февруари [09.02.2010]
• Фуере: Преговори со ЕУ оти се можни тензии [09.02.2010]
• Трајановски и Тодоровиќ ќе го бранат „Скопје 2014“ [09.02.2010]
• Иванов на брифинг во Генералштаб [09.02.2010]
• СДСМ: Хотелската афера е владин криминал [08.02.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Фуере: Преговори со ЕУ оти се можни тензии
  2. Во Амазон откриена древна цивилизација
  3. Пронајдената облека е идентична на онаа од Ангела
  4. Бурж затворен на неопределено време
  5. Трајановски и Тодоровиќ ќе го бранат „Скопје 2014“
  6. Христо-Спанаќ притворен во душевна болница
  7. СДСМ: Хотелската афера е владин криминал
  8. Франција ќе и продаде воен брод на Русија
  9. Нимиц во Скопје на 23 февруари
  10. Кучан: Недемократски молк на ЕУ кон Македонија
  1. Христо-Спанаќ притворен во душевна болница
  2. Пронајдената облека е идентична на онаа од Ангела
  3. Распеан сумо-борач ја потресе Јапонија
  4. НСДП: Да се потрошат 200 милиони евра за „Скопје 2014“ е лудост
  5. СДСМ: Хотелската афера е владин криминал
  6. На дел од старите скопјани им се допаѓа „Скопје 2014“
  7. Јавниот превоз и улиците во мизерна состојба
  8. Јанкуловска не коментира дали Вранишковски е срски шпион
  9. Муча: Зад нас не стои ниедна политичка партија
  10. Автомобилска револуција во Израел
   Други сервиси  
» Вести и програма на и-мејл
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk