Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Граѓаните го сметаат ветото за недемократско

Горазд Чомовски Коментари (0)   
03.04.2008 18:17

Веста дека Македонија не е примена во НАТО, поради спорот со Грција за името, граѓаните на земјава ја дочекаа на нож. Сметаат дека одлуката е неправедна, недемократска, контрапродуктивна, која покажува дека НАТО нема своја константна политика.

Размислувањата на македонските граѓани одат до таму што на државно-владиниот врв му порачуваат да ги прекине преговорите за името.

Но, кај дел од нив се уште владее оптимизмот дека со продолжување на разговорите ќе успееме во нашите евроатлантски намери.

„Ова уште еднаш покажува колку е Грција фашистичка земја и колку грчкиот национализам е убедливо најупорен, најстрашен на Балканот. Ако е тоа некој мал пораз за Македонија, оти така го сфаќам, тоа е голем пораз за некоја демократија и сфаќање на правичност во широка смисла“, вели граѓанин.

„Мислам дека не е реално, мислам дека требаше да влеземе во НАТО. Не требаше воопшто да одиме во НАТО, требаше сите да облечеме униформи на НАТО и да излеземе во Авганистан и во Ирак, да им помогнеме на сиромашките Американци. Се зависи од Грција, од нас ми се чини дека не зависи ништо сега засега“, рекоа граѓаните.

Инаку, денеска пред грчката канцеларија за врски ја немаше вообичаената фреквенција на луѓе, додека неколкумина граѓани кои тропаа на вратата не беа удостоени со каков било одговор.

Покрај вообичаеното полициско обезбедување, пред грчката канцеларија за врски имаше и воена полиција.

Сепак, очите на минувачите повеќе беа насочени кон разголената манекенка, која пред дипломатското претставништво позираше за еден од македонските весници.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Црвенковски: Грција го злоупотреби правото на вето [03.04.2008]
• Груевски: Сите земји, освен една, ја поддржаа Македонија [03.04.2008]
• Бакојани: Ќе бидеме среќни кога ќе може да ја поканиме ПЈРМ [03.04.2008]
• Македонија не доби покана за НАТО [03.04.2008]
• Македонската делегација го напушта Букурешт [03.04.2008]

  Дополнителни информации 
• Текст на Декларацијата меѓу Македонија и САД [08.05.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Македонски војници во европска борбена група [09.09.2010]
• Што да очекуваме во ноември од Европската комисија [09.09.2010]
• Честитка на премиерот и претседателот за Рамазан Бајрам [09.09.2010]
• Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам [09.09.2010]
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  6. Не можевме ниту со Ерменија
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk