Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Груевски: Сите земји, освен една, ја поддржаа Македонија

Коментари (0)   
03.04.2008 16:57
Никола Груевски
 

Сите земји членки на НАТО, освен една држава беа на страната на Македонија, изјави во Букурешт македонскиот премиер Никола Груевски.

„Денеска сите земји членки на НАТО, како никогаш досега, беа на страната на Македонија, освен една држава, тоа е Република Грција. Никогаш досега во историјата на Република Македонија, немало толку многу поддржувачи на нејзина страна, но и една држава којашто е толку многу против земјата да стане членка на НАТО“, изјави Груевски.

„Денеска членките на НАТО, речиси без исклучок, кажаа препознаа, дека Република Македонија ги достигна стандардите да биде членка на НАТО. Ги направи сите потребни реформи, сите потребни нешта што се бараа, да биде на исти степен, на исто ниво со земјите членки на НАТО. Сите препознаа и кажаа дека Република Македонија заслужува да биде членка на НАТО и да се ди заедно со нив на масите на коишто заседаваат и донесуваат одлуки“, додаде Груевски.

„Како што веќе знаете, една земја, заради едно билатерално прашање, силно се спротивстави на сите и го блокираше добивањето на покана на Република Македонија, користејќи адут што многу ретко се користи, кршејќи го договорот од 1995-та година, ставајќи се и себе и нас и регионот во многу непријатна ситуација“, истакна Груевски.

„Ние треба да бидеме горди со тоа што сите земји членки денеска кажаа вие треба да станете членка на НАТО. Вие ги исполнивте стандардите. Сите до една препознаа дека Република Македонија, граѓаните на Република Македонија и сите политички чинители, во овој период успеаја да ја донесат земјата до таков степен да биде рамна на членките на НАТО“, кажа Груевски.

„Соочувајќи се со оваа ситуација, ние ќе продолжиме со нашите напори за уште поголем напредок, за уште поголеми реформи. Направивме се што можевме и до овој период, до доаѓањето во Букурешт и овде во Букурешт, во овие два дена жестока борба, да успееме да го спречиме обидот на Грција да го направи тоа што го направи и што го најави уште во Атина“, истакна Груевски.

„Како и да е, секој оној што мисли дека со овој потег ќе ја натера земјата да прифати нешто што тој сака да го прифати, мислам дека е во голема заблуда. Земјата, за разлика од многу што честопати вртат разни темни сценарија, земјата е силна затоа што има силни граѓани, земјата ќе продолжи и да опстојува и да се развива понатаму, со силна динамика, заедно со нашите сојузници. А ги имаме многу, тргнувајќи од Америка, на којашто сакам сега јавно да и се заблагодарам за огромната поддршка што о ја даде на македонија, би рекол историско залагање да и се помогне на Република Македонија“, рече Груевски.

„Сакам да и се заблагодарам на Словенија, на Турција и на сите други земји што дадоа се што беше во нивна моќ, до одреден степен ги ризикуваа и сопствените односи со Грција, за да и помогнат на Македонија. Но за жал, денеска не успеаа до крај да бидат победници во една таква борба, меѓутоа успеаа во намерата да докажат дека Република Македонија е веќе подготвена, дека можеби не формално, но сепак веќе е на исто рамниште со останатите земји членки на НАТО и дека кога ќе се разреши проблемот со името, речиси по автоматизам ќе го добие членството во НАТО и ќе стане дел од Алијансата“, вели Груевски.

„Грција практично го искористи правото на вето, тоа е тешка артилерија во дипломатијата и нив сигурно нема евтино да ги кошта ова што го направија, меѓутоа ние се соочивме со тоа, продолжуваме понатаму, земјата продолжува да се развива, да оди напред, како што одеше и во минатиот период“, оцени Груевски.

„Сме поминале и низ многу потешки ситуации од оваа, низ многу потешки моменти и низ многу потешки години. Ќе поминеме и низ оваа, ќе излеземе уште посилни, ќе продолжиме со нашите напори. Ние 17 години живееме без да бидеме членка на НАТО, ќе издржиме и понатаму и ќе бидеме уште повеќе посветени на патот на развојот на државата, на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и на издигнување на земјата на уште поголемо рамниште“, заврши Груевски.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Бакојани: Ќе бидеме среќни кога ќе може да ја поканиме ПЈРМ [03.04.2008]
• Македонија не доби покана за НАТО [03.04.2008]
• Македонската делегација го напушта Букурешт [03.04.2008]
• Буш: Македонија спроведе тешки реформи [03.04.2008]
• Во Атина не стивнува самоувереноста [03.04.2008]

  Дополнителни информации 
• Текст на Декларацијата меѓу Македонија и САД [08.05.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]
• Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“ по 18-ти пат [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk