Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Во Македонија откриен најстариот жител на Балканот

Виолета Кожинкова Коментари (0)   
20.03.2008 16:48
 
 

Откриен е најстариот неолитски човек на Балканот и најстариот жител на Македонија. Славе од неолитот, како што го нарекоа археолозите, живеел 7.000 години пред нашата ера.

„Ако се земе во предвид дека населбата е една од најстарите на Балканот и ова е погребување во една најстара населба, најнормално дека тоа е најстариот човек на овој простор“, изјави Трајанка Јовчевска, археолог.

Скелетот е откриен на археолошкиот локалитет Грнчарица, кај село Крупиште. Пронајден е во типична положба за погребувањата во периодот на неолитот.

„Погребаниот е поставен на левата страна во една згрчена положба, нозете му се високо до черепот, рацете исто така собрани“, рече Јовчевска.

Археолозите што работат на ископувањата на овој локалитет веќе му дадоа име на најстариот жител, и покрај тоа што се уште не е направена антрополошката анализа, за да се утврди со сигурност дали се работи за маж или за жена.

„Кога го извадивме погребаниот и го сместивме во кутија и кога се вративме назад, на кутијата одозгора пишуваше Славе“, додаде Трајанка Јовчевска.

Најстарата неолитска населба во Македонија, Грнчарица, беше откриена сосема случајно минатата година од тимот на археолози што работат на локалитетите покрај цевководот на хидросистемот Злетовица.

Овие денови специјална комисија составена од експерти ќе одлучува дали поради значењето на ова археолошко наоѓалиште, ќе се помести и трасата од цевководот Злетовица.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk