Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Свет  

Заеднички историски учебници и во новите членки на ЕУ

Коментари (0)   
28.02.2008 11:22

Со извесно задоцнување и со поттикнување од Брисел, новите држави на ЕУ го следат патот на старите членки и како мелем за историските рани и трауми од соживотот со соседите почнуваат да го користат француско-германскиот рецепт - заеднички учебници по историја.

Први заеднички учебник со Германците имаат Полјаците и овој месец на младите поколенија им се понуди поинаков приказ на последниот мачен период, пред се, пред, текот и непосредно после Втората светска војна - периодот од 1933 до 1949 година.

По Полјаците и Германците, работата за свој заеднички прирачник по историја ја забрзаа Словаците и Унгарците и овие денови објавија дека почнуваат со обработка на 15 од 17-те клучни теми од словачката и унгарската историја.

За една година словачките ученици ќе имаат во рацете двојазична историја.

„Не сакаме нашата книга да ги замени постоечките учебници, тие и понатаму ќе се користат во училиштата. Наша цел е да обрнеме внимание на некои историски моменти, и тоа и од словачка и од унгарска гледна точка“, вели историчарот Штефан Шутај, шеф на словачкиот дел од Словачко-унгарската комисија на историчари, која го подготвува прирачникот.

Во Полска првиот обид за заеднички учебник по историја предизвика поделени реакции.

Многумина предупредуваат дека авторите, настојувајќи да бидат коректни и да не ги повредат се уште отворените рани од нацистичкото дивеење во окупирана Полска и подоцна депортацијата на 12 милиони Германци од Источна Европа, и пришле на темата со таква дистанца, што изгледа како да го опишуваат Средниот век, а не случувањата за кои уште постојат очевидци.

На учебникот во Полска исто така му се забележува за недостаток на подлабока анализа на нацизмот и што за депортираните Германци зборува како за „избркани“, додека Полјаците кои исто така мораа да ги напуштат своите домови од источните области на Полска, која потпадна под Советскиот Сојуз, се означени како „раселени“.

„Не мора во таа книга да се најде се. Ние сакавме, пред се, да покажеме дека Втората светска војна беше тристрана. Не само нацизмот, туку и комунизмот е одговорен за страдањата на луѓето“, рече полскиот историчар Кажимјеж Вујчицки, еден од авторите.

Книгата „Да се разбере историјата - да се гради иднината“, чија изработка ја кофинансираше ЕУ, забрзано ја набавуваат училиштата во Германија и во Полска.

„Кај нас оди како алва“, изјави за полскиот весник „Ѓењик“ Кинга Хартман, германски координатор на проектот.

„Во таквите двојазични историски прирачници секоја од двете држави треба да вклучи тема која и е посебно важна, за за неа да дознае нешто соседниот народ“, вели Тереза Козловска, потпретседател на полското историско друштво „Зофија“.

Полската историчарка потенцираше дека посебна вредност имаат историските документи, кои во 19-те поглавја следат после краток воведен текст.

Во креирањето на учебникот и изборот на материјали учествуваа и средношколците во Полска и Германија, на кои учебникот пред печатењето им го претставија нивните учители.

„Тоа е само почеток, идејата е добра. Европскиот или ваквиот заеднички учебник по историја секогаш е само дополнителен материјал за националните учебници“, смета Козловска.

Полските и германските историчари се впуштија и во пишување поголем двојазичен учебник, кој ќе ја опфати целата историја на повеќевековниот, често трауматичен соживот меѓу Германците и Полјаците.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Свет 
• Експлозија на нафтена платформа во Мексиканскиот Залив [02.09.2010]
• Почеток на израелско-палестинските мировни преговори [02.09.2010]
• Ерл, Компасу и Лионрок пустошат низ светот [02.09.2010]
• Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel [02.09.2010]
• Унгарската ултра-десничарска партија „Јоббик“ бара логори за Ромите [02.09.2010]
• Русија делумно ја укина забраната за извоз на жито [02.09.2010]
• Технички проблеми во спасувањето на рударите во Чиле [02.09.2010]
• Пет војници загинаа во азербејџанко-ерменски судир [01.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk