Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Свет  

„Форбс“: Преспа - Охрид меѓу најатрактивните во Европа

МИА Коментари (0)   
01.02.2008 10:39

Светскиот бизнис-магазин „Форбс“ ја избра Македонија меѓу најатрактивните дестинации за возење во Европа. На неговата вебстраница Forbes.com's, рутата од Преспа до Охрид преку Галичица е препорачана како една од 20-те најдобри дестинации.

Својата топ-листа за пејзажни возења магазинот ја прави по мислење на експерти кои предлагаат свои фаворити.

Македонската рута е предложена од Кристофер Делисо, патописец за „Lonely Planet“ и автор на најновиот патепис за Македонија „Скриена Македонија“. Тој за читателите на „Форбс“, исто така, предлага и една рута во Бугарија и една на грчкиот остров Крит.

Според написот на „Форбс“, Делисо препорачува „патување од Преспа до Охридското Езеро меѓу тесни, ветровити патишта, што ве водат низ јаболкници и светилишта на птици околу Преспанското Езеро и потоа нагоре кон планината Галичица и низ високиот премин Ливада, кратката прошетка до блискиот рид ви нуди истовремено поглед на двете езера, Преспанското и Охридското езеро“.

За секое специјално избрано место, експертите предлагаат и според нив фаворит возило за патувањето. За прекрасниот езерски регион во Македонија Делисо го препорачува новиот „Фолксваген буба“.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Свет 
• Експлозија на нафтена платформа во Мексиканскиот Залив [02.09.2010]
• Почеток на израелско-палестинските мировни преговори [02.09.2010]
• Ерл, Компасу и Лионрок пустошат низ светот [02.09.2010]
• Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel [02.09.2010]
• Унгарската ултра-десничарска партија „Јоббик“ бара логори за Ромите [02.09.2010]
• Русија делумно ја укина забраната за извоз на жито [02.09.2010]
• Технички проблеми во спасувањето на рударите во Чиле [02.09.2010]
• Пет војници загинаа во азербејџанко-ерменски судир [01.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk