Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Пронајдени штитови на кралот Деметриј

Дарко Штаргоски Коментари (0)   
27.12.2007 20:01
Душко Темелковски
 

Пронајдените штитови на кралот Деметриј кај селото Бонче, се највалидниот доказ дека на овие простори постоела македонската држава.

Според археологот Душко Темелковски, кој ги пронајде штитовите, странските археолози кога ги виделе, па дури и грчките, без сомневање прифатиле дека се работи за македонски штитови.

„Нашите колеги кои беа дури и од Грција овие наоди и нивното презентирање од наша страна беше прифатено можна најкоректен начин, онака како е нормално, се прифаќа и од нивна страна дека на оваа територија, која тогаш не постоела границата денешна, била Македонија“, изјави Душко Темелковски, археолог.

Беше презентирана и книга за штитовите. 150-те делови од нив се наоѓаат во музејот во Охрид. Кога ќе се реставрираат, за прв пат во светот ќе може да се види како комплетно изгледал штитот на македонската фаланга.

Делови од нив се уште има кај мештаните од селото Бонче.

„Тие ги кријат, не сакаат да ги дадат, не од аспект дека некаде сакаат да ги продадат во странство, туку се плашат ако ги кажат да не имаат некакви последици“, додаде Темелковски.

Се претпоставува дека во Бонче и на врвот Висока над селото, можно е да се наоѓа четвртата престолнина на Македонија, градот Пелагонија.

„Индициите за постоењето на Пелагонија, значајниот град Пелагонија не се без основа, независно дали е тоа локалитетот Висока или некој друг локалитет на овој простор“, вели Бранислав Ристески, Институтот за старословенска култура.

Според експертите, држава итно треба да оддели средства за истражување на овој локалитет, кој може да го даде крунскиот доказ за нашиот идентитет.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk