Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Свет  

Лидерите од ЕУ го потпишаа европскиот договор

Сафет Бишевац Коментари (0)   
13.12.2007 19:16

Конечно крај на долгата институционална криза во Европската Унија, предизвикана по неуспешните референдуми во Франција и Холандија за донесување на европскиот устав.

Со потпишувањето на „Лисабонскиот договор“ 27-те земји членки на унијата се договорија за поедноставно раководење и донесување одлуки и отворија пат за прием на нови членки.

„Ако сакаме заедница на затворени општества и економии, колективна безбедност и човекови права, развој кој гарантира иднина на нашата планета со предизвиците на климатските промени, тогаш ЕУ мора да носи одлуки со кои ќе ја обликува глобализацијата“, изјави Жозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија.

Со Лисабонскиот договор, кој треба да биде ратификуван во парламентите на земјите членки и на референдумот во Ирска унијата ќе добие претседател со две и пол годишен мандат, со што ќе се укине шест-месечното ротациски претседавање со унијата.

Во иднина одлуките во 50 области ќе се носат со мнозинство гласови, а не едногласно, како што беше досега.

Консензус на сите членки ќе им биде потребен во заедничката надворешна политика, одбраната, социјалните прашања, даноците и културата.

Социјалната повелба засега ќе биде обврзувачка за 25 од 27-те земји членки на унијата, бидејќи Британија и Полска издејствуваа изземање од оваа обврска

Полска, исто така, до 2014 година ќе има поголеми права во гласањето, од она што и следува, според бројот на жители.

Британскиот премиер Гордон Браун, освен што подоцна го потпиша договорот, бидејќи одлучи да не присуствува на свечената церемонија не ја потпиша ниту декларацијата за поддршка на заедничките симболи на унијата - знамето и химната.

Иако формално-правно ја нема силата на устав со „Лисабонскиот договор“ Европската Унија на подолг рок ќе се стабилизира, како урамнотежена структура на поделен национален и наднационален суверенитет.

Договорот ја остава отворена можноста, во иднина унијата да прерасне во европска федерација со повеќе централизирана политичко-економска и воена власт.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Португалското претседателство со ЕУ започна со протести [02.07.2007]
• Португалија нов претседавач со ЕУ [01.07.2007]
• Последен ден од германското претседавање со ЕУ [30.06.2007]
• Португалското претседателство на ЕУ почнува на 1 јули [28.06.2007]
• ЕУ незадоволна од борбата против корупцијата во Бугарија и Романија [27.06.2007]

  Дополнителни информации 
• ЕУ по пет години од големото проширување - воздржаност за нови членки [30.04.2009]
• Хронологија на позначајни датуми за ЕУ [24.03.2007]
• Европскиот устав предвидува промени во функционирање на ЕУ [29.10.2004]
• Историјат на проширувањето на ЕУ [01.05.2004]
• 10 нови членки во ЕУ во 2004 [22.04.2004]

  Најнови вести од Свет 
• Експлозија на нафтена платформа во Мексиканскиот Залив [02.09.2010]
• Почеток на израелско-палестинските мировни преговори [02.09.2010]
• Ерл, Компасу и Лионрок пустошат низ светот [02.09.2010]
• Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel [02.09.2010]
• Унгарската ултра-десничарска партија „Јоббик“ бара логори за Ромите [02.09.2010]
• Русија делумно ја укина забраната за извоз на жито [02.09.2010]
• Технички проблеми во спасувањето на рударите во Чиле [02.09.2010]
• Пет војници загинаа во азербејџанко-ерменски судир [01.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk