Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Бошковски повреди четири лица на тактичка вежба на „Лавовите“

Коментари (0)   
15.05.2002 00:00
„Доколку се оцени дека има одговорност, неа ја преземам јас, бидејќи јас командувам со македонската полиција“
 

Четири лица се ранети претпладнево за време на тактичката вежба на „Лавовите“ во мавровското село Леуново во инцидентот што го предизвика министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски.

Министерот пукаше со автоматски фрлач на гранати, при што шрапнелите се одбија и ги ранија полицецот Маринко Кочовски, началник на ГУВР Скопје, неговиот возач Кирил Патраклиев, преведувачка на француската амбасада и новинарката на „Дневник“ Даниела Велјановска.

Инцидентот се случи на крајот од вежбата. Додека таа траеше присутните беа на пристојна далечина, но кога министерот најави дека ќе пука сите дојдоа до него.

Никој не беше отстранет од оваа локација. Наредбата од полицијата за оддалеченоста како да важеше само додека пукаа „Лавовите“.

Дел од повредените во првиот момент не беа свесни дека имаат рани од чаурите. Во близина на полигонот немаше санитетско возило, а повредите ги санираа неколку припадници на полицијата и „Килибарните лисици“, кои беа гости на вежбата.

Ранети се двајца полицајци, една преведувачка и новинарката на „Дневник“ Даниела Велјановска
 

Веднаш по овој неочекуван настан повредените со хеликоптер на АРМ се пренесени во Воената болница и над нив се извршени интервенции.

„Денеска во 13.15 часот во просториите на дежурната служба на Воената болница во Скопје донесени се тројца повредени од кои што двајца припадници на МВР и едно цивилно лице“, соопшти полковник доктор Петре Утковски, управник на Воената болница, кој одби да ги соопшти имињата на повредените.

Според Утковски, еден од припадниците на МВР е повреден во левата подлактица, меките ткива и нема повреди на коскените структури, а другиот во пределот на десното раме и плешка.

Преведувачката на француската амбасада се здоби со исекотини и повреди во пределот на главата, а новинарката на „Дневник“ Даниела Вељановска е повредена во ногата.

Министерот Бошковски изјави дека длабоко жали за овој немил настан и дека ќе ја сноси целата одговорност како шеф на полицијата.

„Претставниците на НАТО и на Обединетите нации ја оценија вежбата позитивно, а настанот како немил, надвор од сите очекувања. Овој настан не смее да се одрази на македонската полиција бидејќи не се работи за тежок инцидент“, изјави Бошковски.

„Прашањето за одговорноста е доста сложено, но министерот за внатрешни работи никогаш не бега од одговорноста. Доколку се оцени дека има одговорност, неа ја преземам јас, бидејќи јас командувам со македонската полиција и додека сум министер јас сум најодговорната личност“, рече Бошковски.

По настанот МВР извести дека полицијата за време на вежбата им сугерирала на присутните да се тргнат на страна, но до инцидентот дошло поради нивната љубопитност кога тие ја преминале безбедносната линија.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• ФОТО: Бошковски повреди четири лица на тактичка вежба на „Лавовите“ [15.05.2002]
• Лавина реакции за оставка на Бошковски [15.05.2002]
• Хрватскиот неделник "Глобус" пишува дека Љубе Бошковски се збогатил тргувајќи со оружје [02.07.2001]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk