Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Групата на Јакупи била опремена за долготрајно војување

Елизабета Галевска Коментари (0)   
10.11.2007 19:28
Билјана Ванковска
 

По заплената на тешкото воено софистицирано оружје во полициската акција „Планинска бура“ на Шара и потврдата од полицијата дека се работи за терористи организирани заради непријателска дејност, експертите препознаваат екстремистичка група подготвена да дејствува според плановите на оние кои можат да ги платат.

Сето тоа е во контекст на сложеноста на безбедносната состојба во регионот поврзана и со разврската на косовскиот статус.

„Тоа се луѓе кои се обучени за војување, кои веројатно, како што покажува и самото оружје, имаат големо искуство и во ракување со тоа оружје од претходните војни и сега во пресрет на една ситуација во која ќе имаме разврска на регионалната ситуација, тие можат своите услуги да ги стават на една или на друга страна“, изјави Билјана Ванковска, универзитетски професор.

„Ако се има во предвид моменталната состојба во регионот, не би и одговарало на ниедна од земјите во регионот да дојде до некакви цели со помош на ваква вооружена групација, тогаш очигледно дека тие не би можеле да бидат ангажирани од страна на државните органи, туку би можеле да бидат, пред се, ангажирани во смисла на платеници или како што во светот се нарекуваат, кучиња на војната“, рече д-р Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност.

Според МВР, најверојатно оружјето не било планирано да остане во Бродец, а намената била да се преземе голема активност. Полицијата во текот на истрагата ќе треба да утврди кога и по кои патишта е внесено оружјето.

Благоја Марковски
 

„Од она што воените стручњаци го видоа на теренот, најиндикативни се „стингерите“, односно тоа се ракети упатени за соборување хеликоптери. Кога ќе ги соберете елементите, се поставува тезата дека тоа се луѓе кои се добро обучени од некој што располага со софистицирано оружје и тоа е правено во подолг временски период“, вели Ванковска.

„Некои показатели зборуваат дека оваа вооружена група се стационирала во Бродец, на Шар Планина, некаде во периодот од пред два-три месеци. Тоа значи дека тие навистина плански дошле во тој регион и плански се подготвувале за определени борбени активности“, изјави Марковски.

„Меѓутоа, не можеме однапред да прецизираме во кој регион би можела да дејствува оваа групација. Со оглед на тоа што таа е откриена на територијата на РМ, можно е под притисок на безбедносните структури на Косово да пребегнале на територијата на РМ и тука да нашле плодно тло“, додаде Благоја Марковски.

Сложеноста на ситуацијата, посочуваат аналитичарите, бара подготвеност на институциите, легитимност на полициските акции, кои не смеат да се злоупотребуваат во политички цели, а од друга страна, стрпливост кај јавноста и доверба во полицијата во извршување на уставните надлежности.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Полицијата ја гони групата на Јакупи за тероризам [09.11.2007]
• Реакции по вчерашната акција во тетовско [08.11.2007]
• Групата на Јакупи планирала организирано пружање отпор [08.11.2007]
• Потврдено загинувањето на Шити [08.11.2007]
• 11 повредени во акцијата „Планинска бура“ [08.11.2007]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk