Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

11 повредени во акцијата „Планинска бура“

Катерина Гетева Коментари (0)   
08.11.2007 15:48

Вкупно 11 повредени луѓе синоќа и рано утрото биле хоспитализирани по акцијата на МВР „Планинска бура“. Шестмина од нив се уште се наоѓаат на интензивна нега.

„Кај двајца се констатирани огно-стрелни повреди, едниот од нив има повреда во пределот на стомакот, тој е опериран и се наоѓа на Клиниката за интензивно лекување - КАРИЛ. Уште пет пациенти кај кои се констатирани тапи повреди на различни делови од телото и тие се примени исто така на Клиниката за интензивно лекување“, изјави Соња Стошиќ, портпарол на Ургентен центар.

Врз единствениот полицаец, за кој доцна синоќа МВР потврди дека е ранет, бил извршен хируршки зафат на неговото колено повредено од шрапнели.

Тој заедно со уште четворица други се пуштени на домашно лекување, од што може да се претпостави дека четворицата не биле членови на групата на Јакупи.

Болнички извори не сакаат да прецизираат дали меѓу повредените има цивили или и други специјалци. Само потврдија дека сите се македонски државјани.

Вчера на прес-конференцијата министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, придружувана од безбедносниот врв, тврдеше дека во акцијата на Шара немало ниту еден повреден полицаец, ниту пак цивил.

„Досега нема пријавено повредени или починати цивили и припадници на полицијата“, рече Гордана Јанкуловска (вчера).

Хеликоптери и денеска летаа од реонот на акцијата кон клиничкиот хелиодром. Клинички центар се уште е под силно полициско обезбедување.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Еден повреден полицаец во вчерашната акција [08.11.2007]
• Зголемена безбедноста на југот на Србија [08.11.2007]
• Тирана осуди секаков обид за дестабилизација на Македонија [08.11.2007]
• Нема загинати полицајци и цивили во акцијата во Тетовско [07.11.2007]
• Полицијата не пушта да се влезе во Бродец [07.11.2007]

  Најнови вести од Македонија 
• Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам [09.09.2010]
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  6. Не можевме ниту со Ерменија
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk