Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Претепано 17-годишно момче во кумановско

Искра Коровешовска Коментари (0)   
31.10.2007 00:00

Покрај патот во кумановско Долно Коњаре вчера попладне е најден 17-годишниот Д. С. во бессознание. Го пронашол случаен минувач, застанал мислејќи дека е мртов.

„Случајно видов, нозете му беа на асфалт, реков дали го удрил некој со кола. Застанав и еден таксист застана, излеговме, беше онесвестено, само мрдаше со нозете, жилите му мрдаа, тешко дишеше, носеше ранец на грбот. Кога дојдоа докторите, кога му ја извадија јакната, маицата се гледаше дека му е скината“, изјави Виктор Јосимовски.

По пријавата во полиција со брза помош момчето било пренесено во кумановскиот медицински центар. Има тешки повреди на главата и на стомакот, каде со нож му е напишано УЧК, но не на албански, туку со латинична буква Ч. Денеска е на скопската Клиника за неврохирургија.

„Гребаниците не се доминантна повреда кај пациентот и мислам дека немаат значење за состојбата на пациентот. Веројатно во склоп на тоа насилство се нанесени површни повреди на кожата“, додаде Спасе Јовковски, Неврохируршка клиника.

Се се случило кога средношколецот во Земјоделското училиште, по завршувањето на часовите тргнал да си оди дома. Покрај него на патот застанало возило без регистарски таблички, од каде излегол човек на возраст од околу 25 години.

Му побарал пари, откако момчето одговорило дека нема ништо, било насила внесено во колата. Му била ставена вреќа на главата и било удирано со цврст предмет, по што паднало во бессознание. Д. С. се сеќава до тука, потоа се нашол во болница.

Од МВР немаат информација за тоа кој би можел да му го стори ова на 17-годишен средношколец. Не сакаат со точност да тврдат дека сторителите се Албанци ниту, пак, дека се Македонци, зошто во овој дел од Куманово не живеат Албанци.

Велат, можеби некој сака да ја усмери трагата во погрешен правец. Но, родителите укажаа на една важна информација на која се присетил нивниот син, кој инаку боледува од епилепсија и прима силни лекови.

„Слушнал дека на албански зборуваат нешто, не разбрал, само слушнал Табановце, тоа е на преминот веројатно“, рече Миле Стефановски, татко.

И родителите, но и надлежните во училиштето не веруваат дека ова токму нему му се случило зошто бил мирно и трпеливо дете.

„Ова за мене е тешко, сиромаштијата се јадеше, но оваа болка за детето нема никогаш да помине“, вели Лиле Стефановска, мајка.

„Толерантен, добар, фин, коректен,“, кажа Данче Китановска, класен раководител.

Средното земјоделско училиште е оддалечено од градот, до него се стигнува, но само по неасфалтиран пат и без осветлување.

„Сигурно ќе имам разговор со надлежните во општината, со градоначалникот. За оваа работа ќе информирам“, изјави Горан Јовановиќ, директор на ДСУ „Ќиро Гуназ“.

МВР работи на откривање на сторителите на ова злодело.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk